Интерпол откри меѓународна измама со медицински маски во висина од околу 2,4 милиони евра
Службеници на Интерпол во заедничка акција со властите во Германија, Ирска и Холандија открија криминална шема поврзана со продажба на маски за германскиот медицински персонал, при што е остварена корист од околу 2,4 милиони евра. Во криминалната шема биле користени хакирани мејлови, измама со претплата и перење на пари. При операцијата приведени се две лица. …