Филипче: Можно е само на децата со аутизам да им се дозволи излегување за викендот


Фото: Б. Грданоски

По барање на родителите да се одредат неколку часа во денот кога еден родител би можел да ги прошета децата до 10-годишна возраст, министерот за здравство вели дека така ќе се наруши редот и дека постои можност за собирање помали гурпи околу зградите.

Но, затоа пак, разгледуваат можност да им се дозволи излегување на децата со аутизам кои имаат воспоставено рутина, која ако се наруши, може да доведе до влошување на сотојбата на децата.

За ова ќе се разговара утре на Комисијата за заразни болести, по што ќе се донесе одлука, пред претстојниот Велигденски викенд кога во карантин целата земја ќе биде од петок попладне до вторник наутро.