Првиот кичевчанец заразен со корона вирус вчера се вратил од брод


Првиот Кичевчанец заболен од корона вирус неколку месеци не бил присутен во земјата и само што се вратил од странство. Тој е на возраст од околу триесетина години и е со лична карта и место на живеење во Кичево, меѓутоа неколку месеци не бил во градот.

„Станува збор за момче што работело на брод во една од европските држави и вчера се вратило во земјава, преку протоколите за враќање на нашите државјани дома. Како што налагаат правилата, тој бил сместен во задолжителен државен карантин, распределен во хотел во Скопје и сè уште е изолиран. Тој вчера се пожалил на тегоби и кашлица, а резултатот од направениот тест за присуство на коронавирусот бил позитивен“,велат од Кризниот штаб во Кичево.

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, апелира до жителите да не се крева паника и дека институциите го даваат максимумот во борбата против коронавирусот.