Додека ги утешуваат жртвите од корона вирусот и италијанските свештеници умираат


Свештеникот Клаудио дел Монте се подготвува за приватна процесија за Велипеток во Бергамо

Лекарите и медицинските сестри на фронтот станаа симболи на жртвување, но свештениците и калуѓерките исто така се приклучија во борбата, честопати во голем ризик. Во Италија досега починаа 100 свештеници

 

Рим  – Во неделата пред Велигден, заѕвони телефонот на свештеникот.

Пречесниот Клаудио дел Монте го носел телефонот што му го дал персоналот од болницата во Бергамо, заедно со мал крст и неколку средства за дезинфецирање. Наместо неговата вообичаена свештеничка облека, тој носеше наметка за еднократна употреба, хируршка маска покриена со друга маска, заштитни очила и капа над главата. На градите имаше нацртано црн крст со пенкало.

Тој им се извини на двајца пациенти со корона вирус кои ги посетуваше во болницата и одговори на повикот. Но, тој веќе знаеше што значи тоа. Неколку минути подоцна, тој пристигна крај креветот на еден постар човек што го беше сретнал неколку дена претходно. Маската за кислород сега го покриваше лицето на човекот, а персоналот за интензивна нега се собра околу неговиот кревет.

„Го благословив и го ослободив од неговите гревови, тој цврсто ја стегна мојата рака и јас останав таму со него додека не се затворија неговите очите“, рече отец Дел Монте (53). „Тогаш ја кажав молитвата за мртвите, а потоа ги сменав ракавиците и ја продолжив својата обиколка“.

И свештениците се во заштитна облека

Заразата со Ковид-19 во Италија е една од најсмртоносните во светот и додека лекарите и медицинските сестри на северниот италијански фронт линија станаа симболи на жртвување против невидливиот непријател, свештениците и калуѓерките исто така се приклучија на борбата. Особено во длабоко погодените области како Бергамо, тие ризикуваат, а понекогаш и го даваат живот за да присуствуваат на духовните потреби на често постарите и побожни Италијанци кои се најтешко погодени од вирусот.

Во цела Италија, вирусот усмрти речиси 100 свештеници, многумина во пензија и особено ранливи кога треба да кажуваат молитви кај постарите луѓе, без разлика дали е тоа во старски домови или манастири. Весникот „Авенир“, кој го води италијанската конференција на бискупите, им оддава почест на мртвите со хаштагот „Свештеници засекогаш “.

За време на мисата за светиот четврток во празната базилика „Свети Петар“, папата Франциско потстети на тие што ги загубија животоите.

„Во овие денови, повеќе од 60 починаа овде во Италија, посетувајќи ги болните во болниците“, рече тој, нарекувајќи ги „светци од соседната врата, свештеници кои ги дадоа своите животи во службата“.

Франческо Беши, бискуп на Бергамо, рече дека изгубил 24 свештеници за 20 дена во регионот каде што повеќе од 2.600 луѓе починале од вирусот според официјалните бројки. Околу половина од свештениците биле во пензија и не биле во служба, но сепак се вратиле кон пастирската должност.

Тие нудат утеха преку групите WhatsApp, мавтаат од задните прозорци на автомобилот кога им ја носат храната на болните, се потпираат на касите на вратите на заразените во спалните соби додека ги кажуваат последните молитви.

Тие се жалат дека не можат да се приближат, дека последниот допир што верниците го чувствуваат е нараквицата, дека последното лице што го гледаат е често на екранот. Со вирусот што ги раздвојува семејствата и сопружниците додека убива, свештениците велат дека за нив е болно да бидат дистанцирани од верниците кога им требаат најмногу.

Еден од тие беше пречесниот Фаусто Ресмини (67), кој беше свештеник во затворот во Бергамо речиси 30 години и основач на центарот за проблематичнити млади луѓе. Неговите колеги свештеници рекоа дека тој го фатил вирусот во текот на својата работа минатиот месец. Тој се лекувал во болницата „Хуманитас гавацени“ каде отец Дел Монте ги правеше своите обиколку, пред да умре на 23 март.

Локалните жители се обидуваат да именуваат нова теренска болница по него.

„Неговата смрт е огромна загуба за црквата во Бергамо“, вели Роберто Трусарди, директор на „Бергамо каритас“, добротворна рака на црквата.

Ваквите жртви не ги одвраќаат многуте други свештеници да им служат на болните.

„Да се ​​остане дома е вистинската работа“, вели пречесниот Џовани Паолини (85) од градот Песаро. „Но, јас сум свештеник и понекогаш е потребно да го заобиколам законот за да ги задоволам потребите на луѓето“.

Тој рече дека го користи телефонот или социјалните медиуми кога е можно за да даде утеха. Но, тој исто така вели дека ја облекува маската и другите заштитни средства за да ги посети старите луѓе кои се плашат од смртта, честопати сами.

„Вие го избирате овој живот за да им бидете корисен за другите“, рече тој. (Њујорк тајмс)