Има заболен во Детската клиника, четворица вработени во изолација


Фото: Б. Грданоски

Пациент со корона вирус се појави во Детската клиника, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, поради што уште четворица вработени се ставени во изолација.

Како што појасни министерот сите 18 вработени носеле заштитна опрема.

Филипче рече и дека завршила постапката за набавка на респираторни машини, при што еден дел ќе стигнат во следните седум дена, а во следните 30 дена, сите 31 респиратор кои успеале да ги набават преку два оператора.

На Инфектвината клиника во моментов има 57 пацинети, од кои седум се на механичка вентилација, а 14 на кислородна поддршка.

Во болницата „8 Септември“, има 28 пациенти од кои 6 на респираторна поддршка, во Битола пет пациенти и сите се добри, а кај тројца ќе бидат земени контролни тестови. И во Штип има осум пациенти, од кои еден е со средно тешка клиничка слика.

Двајцата најмали пациенти четиримесечното бебе и 2,5 годишното дете се стабилни, информира Филипче.