Каролина прослави 40 години во карантин: Ова бројче заслужуваше журка


Дамите не ги откриваат годините, ама поп-ѕвездата Каролина Гочева гордо си ги носи своите 40 години. На социјалните мрежи се пофали за роденденот во домашна атмосфера, заедно со сопругот, уметникот Михаил Корубин. На Инстаграм објави фотка на која позира покрај цветната торта, опуштена, природна и насмеана, додавајќи го коментарот: -Другари, фала ви на сите за …

Каролина прослави 40 години во карантин: Ова бројче заслужуваше журка Read More »

Што треба да знаат лицата заболени од малигни болести за Ковид-19


За КОВИД 19 се знае дека претставува голема закана за лицата заболени од малигни болести, од една страна заради ризикот од заразување со инфекцијата, и од друга страна затоа што може да се соочат со потежок тек на болеста. Така овие пациенти имаат поголем ризик од компликации, па затоа треба да преземат соодветни заштитни мерки. …

Што треба да знаат лицата заболени од малигни болести за Ковид-19 Read More »

Четири лица повредени во напад со нож во германското гратче Ханау


Група мажи синоќа повредија со нож четворица минувачи во германскиот град Ханау, по што побегале. Првичните извештаи покажуваат дека пет или шест мажи нападнале минувачи во центарот на гратчето, кое се наоѓа во близина на Франкфурт на Мајна. Четворицата повредени мажи, на возраст меѓу 17 и 26 години, се пренесени в болница, но не се …

Четири лица повредени во напад со нож во германското гратче Ханау Read More »

Светска банка предвидува пад на БДП меѓу 1,4 и 3,2 отсто, најмалку во регионот


Според најновиот Редовен економски извештај (РЕИ) на Светска банка, растот во земјата за 2020 се прогнозира да биде помеѓу -1,4 и -3,2 проценти – во кој се дава основно сценарио и неповолно сценарио во однос на високата несигурност што ја носи пандемијата. Во основното сценарио се претпоставува дека епидемијата во Европа ќе почне да забавува …

Светска банка предвидува пад на БДП меѓу 1,4 и 3,2 отсто, најмалку во регионот Read More »

Точни, брзи и официјални информации за Ковид-19 на Вибер преку „Коронавирус МК Koronavirus“


За точно и навремено информирање на граѓаните со официјални и проверени информации поврзани со справувањето со коронавирусот, Владата на Република Северна Македонија денеска соопшти дека отворила нов информациски канал на популарната апликација за дигитални комуникации „Вибер“. Првиот владин комуникациски канал на „Вибер“ (Viber Community) може да се најде под името „Коронавирус МК Koronavirus“, исто како …

Точни, брзи и официјални информации за Ковид-19 на Вибер преку „Коронавирус МК Koronavirus“ Read More »

Генералниот директор на АДСДП останува на минимална плата, остатокот ќе го уплати во солидарниот Фонд


Генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката- Скопје Кристијан Трајковски, одлучи неговата плата да остане 14.500 денари, а остатокот да го уплати во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид-19. – Солидарноста, човечноста и хуманоста, но пред се чувството за одговорност, во …

Генералниот директор на АДСДП останува на минимална плата, остатокот ќе го уплати во солидарниот Фонд Read More »

ЦЕА: Македонија ја подобри буџетската транспарентност


Македонија направи прогрес во објавување на клучни информации кои може да и помогнат на јавноста да ги разбере буџетските политики, одлучувањето и резултатите според последното истражување на Меѓународното партнерство за буџети-МПБ. Како што соопшти тимот на Центарот за економски анализи (ЦЕА), Меѓународното партнерство за буџети за првпат во 2019 го спроведе истражувањето на секторската фискална …

ЦЕА: Македонија ја подобри буџетската транспарентност Read More »

Нови олеснувања за фирмите – поголема помош за најпогодените и можност за помалку вработени


Нови, олеснети критериуми за поддршка на микро, малите и средни претпријатија, кои ќе бидат достапни од 1 мај годинава, презентираа денес Министерката за финансии Нина Ангеловска и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Една од новините е можноста микро и малите фирми кои ќе добијат финансиска поддршка да можат да го намалат бројот …

Нови олеснувања за фирмите – поголема помош за најпогодените и можност за помалку вработени Read More »

Почина Ирфан Кан, ѕвездата на оскаровците „Slumdog Millionaire и „Life of Pi“


Индија- Индискиот актер со холивудска кариера Ирфан Кан,ѕвездата на филмовите што добија Оскар, меѓу кои е и „Slumdog Millionaire и „Life of Pi“, почина на 53-годишна возраст. Тој вчера бил примен во болница во Мумбаи со инфекција на дебелото црево, но се вели дека неговата состојба се влошила. Како што јави Би-би-си, последните информации говорат дека тој …

Почина Ирфан Кан, ѕвездата на оскаровците „Slumdog Millionaire и „Life of Pi“ Read More »

АФПЗРР: До крај на април да се искористат ланските картички за зелена нафта


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите корисници на мерката „зелена нафта“ дека рокот на минатогодишните картички за точење на „еуро дизел“  гориво за земјоделска механизација истекува на 30 април 2020 година. -Апелираме до сите земјоделци, доколку имаат уште средства за точење на  гориво за земјоделската механизација, истите да ги …

АФПЗРР: До крај на април да се искористат ланските картички за зелена нафта Read More »

Како да издржите повеќе од 100 дена без сончева светлина


Појавата на новиот коронавирус не натера сите да останеме во своите домови, а отсуството од изложеност на природна светлина за многумина претставува голем товар. Луѓето со хронични заболувања се советуваат воошто да не ги напуштаат домовите. За многумина недостатокот на сончева светлина три месеци претставува голем предизвик. Но, стотина научници секоја година заминуваат на Арктикот …

Како да издржите повеќе од 100 дена без сончева светлина Read More »

Белгија: Нема поддршка за фирмите поврзани со даночните раеви


Од серијата финансиски и економски мерки за поддршка за последиците од кризата со коронавирусот експлицитно ќе бидат исклучени фирмите кои имаат некаква врска со даночен рај, јави дописничката на МИА во Брисел. Вака гласи предлог-законот кој ќе биде дебатиран денеска во парламентот, министерот за финансии Александар Де Кро, смета дека на фирмите кои се поврзани …

Белгија: Нема поддршка за фирмите поврзани со даночните раеви Read More »

Ограничувањата ги туркаат германските компании во банкрот


Речиси една третина (29,2 проценти) од компаниите во Германија ќе опстојат максимум три месеци, ако ограничувањата заради новиот коронавирус останат на сила подолг период, според студијата на водечкиот германски институт ИФО. Нешто повеќе од половина (57,7 проценти) од компаниите во Германија истакнаа дека ќе опстојат максимум шест месеци, доколку ограничувањата останат на сила подолг период. …

Ограничувањата ги туркаат германските компании во банкрот Read More »

Хероите кои не издржаа – се самоубија двајца лекари во САД


Двајца здравствени работници се самоубија во текот на викендот во Њујорк, што ги потврдува студиите кои навестуваа пораст на стапката на самоубиства меѓу медицинскиот персонал. Студиите претпоставуваа дека ќе порасне стапката на самоубиства како резултат на тешките услови за работа во текот на пандемијата од корона вирус. Џон Мондело (23) се самоуби со татковиот пиштол …

Хероите кои не издржаа – се самоубија двајца лекари во САД Read More »

Германците се Германци и во време на корона вирусот


Другите земји гледаат кон Берлин за начинот на кој се справува со пандемијата. Но не може сите да бидат Германци   Берлин – Никогаш никој не ги обвинил Германците за скромност. Без разлика дали предметот е das Auto, пиво или нудистичко сончање, Германците се гордеат со тоа што знаат дека се понапред од  остатокот од …

Германците се Германци и во време на корона вирусот Read More »

Приведени 21 лице за непочитување на полицискиот час


Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (28/29.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 28 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 21 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така, според статистичките …

Приведени 21 лице за непочитување на полицискиот час Read More »

Ковид-19 ги измени правилата на Оскарите и на Златните глобуси


САД-Американската академија за филмски науки, којашто е организатор на доделувањето на наградите Оскар, денеска најави дека, поради престанокот на работа на кината при корона-пандемијата, само филмовите кои се прикажуваат на стрим-платформите ќе бидат во конкуренција за Оскарот следната година. Досега филмовите можеа да конкурираат за Оскарите под услов – најмалку седум дена прикажување во кино …

Ковид-19 ги измени правилата на Оскарите и на Златните глобуси Read More »

ЕУ најавува милијарди за помош на Балканот


Европската унија разговара за новиот пакет помош за Западен Балкан, за да му помогне на регионот да се справи со пандемијата на коронавирус и економските последици, објави Радио Слободна Европа, која имала увид во документот. Во првиот нацрт на декларацијата што се очекува да биде усвоена по видео конференцијата на лидерите на ЕУ и на …

ЕУ најавува милијарди за помош на Балканот Read More »

Нови десетмина заболени и 31 излекуван од Ковид-19 во Косово


Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени 31 нов случај на лица кои, по тестирањата два дена едноподруго, согласно методите на Светската здравствена организација, резултираа излекувани од Ковид-19, со што бројката на тие кои ја пребродиле болеста се зголеми на 232. Како што јави дописникот на …

Нови десетмина заболени и 31 излекуван од Ковид-19 во Косово Read More »

Ако не запре уништувањето на природата ќе има уште полоши пандемии


Пандемијата на корона вирусот, најверојатно, ќе продолжи со уште посмртоносни и подеструктивни  болести, освен ако причините за нив  – неконтролираното уништување на природниот свет – не запре брзо, предупредуваат водечките светски експерти за биодиверзитет. „Постои еден животински вид одговорен за пандемијата Ковид-19 –  ние“, рекоа тие. Според нив, неодамнешните пандемии се директна последица на човековата …

Ако не запре уништувањето на природата ќе има уште полоши пандемии Read More »