Хероите кои не издржаа – се самоубија двајца лекари во САД


Двајца здравствени работници се самоубија во текот на викендот во Њујорк, што ги потврдува студиите кои навестуваа пораст на стапката на самоубиства меѓу медицинскиот персонал.

Студиите претпоставуваа дека ќе порасне стапката на самоубиства како резултат на тешките услови за работа во текот на пандемијата од корона вирус.

Џон Мондело (23) се самоуби со татковиот пиштол во петокот, по три месеци работа во итната служба каде се вработил по завршување на Академијата за итна медицинска помош. Само два дена подоцна докторката Лорна Брис (49) една од шефовите на Одделението за итна помош во болницата Презбитеријан, го направи истото.

Двајцата работеа во најсиромашните делови на Њујорк, кои со сите проблеми од животот во нив, ги пустоши пандемијата од корона вирус.

Тие биле сведоци кога во градот на секои три минути умираше по еден човек, кога со вилушкари се ставаа телата во ладилници, кога немаше затитна опрема, наведуваат американските медиуми.

Таткото на Лорна, Филип, вели дека само во болницата во која работела, пред нејзини очи од почетокот на кризата на 7 април умреле 59 луѓе и наведува дека пред тоа таа немала никакви психички проблеми.

Заболела од корона вирус, но штом оздравела веднаш се вратила на работа.

Мондело веднаш по завршувањето на Академијата, „фрлен е во оган“ во станицата за итна помош во која имаше најмногу повици од цел Њујорк, а е во делот со најмногу настрадани отколку во останатите делови на градот.

Просто, како што велат неговите пријатели, не можел да ги издржи трагичните сцени од смртта на стари, млади, деца и сирачиња.

Медиумите ги нарекои херои кои не издржаа.

Во Њујорк денеска позитивни се 162.000 луѓе, а умреа 17.682.

Стручњаците за ментално здравје сметаат дека ситуацијата ќе се влоши во текот на кризата предизвикана од корона вирусо, која би можела да ја зголеми стапката на самоубиства за 32 отсто, а најзагрозени се здравствените работници.

Зачестеноста на самоубиства беше 11,97 на 100.000 луѓе за медицинските сестри, а за техничарите три пати повисока 39,8 на 100.000.