Харадинај: Против мене нема никакво обвинение во Хаг


Косово – Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, синоќа ја демантираше изјавата на белградскиот адвокат Предраг Савиќ дека повторно ќе се седне на обвинителна клупа на Специјализираните совети во Хаг, бидејќи против него има потврдено обвинение, што се уште не е обелоденето. Харадинај на Фејсбук синоќа напиша дека против него не е поведена …

Харадинај: Против мене нема никакво обвинение во Хаг Read More »

Бионтек: Треба да се обезбеди чесна поделба на вакцината во светот


Германија – Угур Шахин, директорот на компанијата „Бионтек“, чиј тим експерти стои зад ветувачката вакцина против коронавирус, вели дека е важно да се обезбеди чесна поделба на вакцината низ целиот свет и дека тоа го очекува во првата половина на 2021 година кога ќе биде можно да се испорачаат 200 милиони дози во Европа и 100 …

Бионтек: Треба да се обезбеди чесна поделба на вакцината во светот Read More »

Нова смена во Пентагон: Оставка поднесе шефот за одбранбена политика Џејмс Андерсон, го менува генерал Ентони Тата


САД – Вршителот на должноста шеф на оделот за одбранбена политика на Пентагон, Џејмс Андерсон синоќа поднесе оставка и веќе е заменет со контроверзниот пензиониран американски генерал Ентони Тата, познат по своите исламофобични коментари и по тоа што поранешниот претседател  на САД, Барак Обама, го нарече „терористички лидер“, наведуваат американските медиуми. Андерсон поднесе оставка само еден …

Нова смена во Пентагон: Оставка поднесе шефот за одбранбена политика Џејмс Андерсон, го менува генерал Ентони Тата Read More »

Околу 80 отсто од Американците во Бајден гледаат победник на изборите


САД– Речиси 80 ​​проценти од Американците, вклучувајќи и над 50 отсто од републиканците, го признаваат кандидатот на демократите Џозеф Бајден за победник на претседателските избори во САД, покажуваат резултатите од анкетата на Ројтерс и Ипсос. Во анкетата, спроведена меѓу саботата и вторникот, 79,7 проценти од Американците со право на глас сметаат дека Бајден победил во …

Околу 80 отсто од Американците во Бајден гледаат победник на изборите Read More »

Продолжуваат преговорите меѓу Скопје и Софија до последната минута пред Советот на министри


Северна Македонија се уште е во неизвесна ситуација во однос на почетокот на преговорите за членство во Европската унија и не се знае дали Бугарија ќе го искористи своето право на вето. Седницата на Советот на министри за европски прашања е презакажана за 17 ноември, така што се уште постои простор за разговор помеѓу Скопје …

Продолжуваат преговорите меѓу Скопје и Софија до последната минута пред Советот на министри Read More »

Од денеска полициски час во Албанија, за непочитувачите казна од 80 евра


Албанија– Албанија од денеска воведува полициски час како дел од напорите да се спречи ширењето на коронавирусот, по наглото зголемување на случаите во изминатите неколку недели. -На сите граѓани ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови од 22.00 до 06.00 часот. Ограниченото движење почнува од денеска и ќе трае три недели, што, сепак, …

Од денеска полициски час во Албанија, за непочитувачите казна од 80 евра Read More »

Активни 15.116 заразени со Ковид-19, засега нема да се воведе полициски час


Здравствените власти уверуваат дека има доволно слободни болнички кревети за пациенти заразени со Ковид-19 и оти за секој од нив се прави се што е потребно. Сметаат дека засега нема потреба од карантини и воведување полициски час и очекуваат да има резултати од воведените мерки. Заклучно со синоќешната статистика на Министерството за здравство, во државава …

Активни 15.116 заразени со Ковид-19, засега нема да се воведе полициски час Read More »

Претпладне облачно, попладне сончево


Во утринските часови по котлините вдолж Повардарието ќе биде магливо, а околу пладне и рано попладне маглата ќе се намали. Во останатиот поголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 3, а дневната од 9 до 18 степени. Во Скопје, магливо, околу пладне и …

Претпладне облачно, попладне сончево Read More »

Силен земјотрес почувствуван во Македонија


Рано утрово во 04.54 часот на цела територија на Македонија почувствуван е силен земјотрес. Според неофицијални информации, станува збор за земјотрес со јачина од 5.4 степени по Рихтер. Според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар, земјотресот е почувствуван во Македонија и во Албанија. Засега не е познато дали се причинети материјални штети низ нашата држава. Епицентарот на земјотресот …

Силен земјотрес почувствуван во Македонија Read More »

Рокот за поднесување барања за финансиска поддршка продолжен до четврток


Управата за јавни приходи го продолжи рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за два дена, односно до четврток, 12 ноември 2020 година, соопшти вечерва УЈП. Барањата се однесуваат на финансиска поддршка за исплата на плати за компаниите и за самостојните вршители на дејност. Барањата се поднесуваат до 10-ти во месецет за претходниот месец, меѓутоа …

Рокот за поднесување барања за финансиска поддршка продолжен до четврток Read More »

Усвоена листата – 400 компании ќе добијат 17,2 милиони евра за реализација на инвестиции


Вкупно 400 компании кои инвестирале во текот и во пост-ковид периодот ќе добијат 17,2 милиони евра финансиска поддршка од државата. Владата денеска ја усвои листата на компании кои што ги исполнија условите на Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил. Тоа, како што …

Усвоена листата – 400 компании ќе добијат 17,2 милиони евра за реализација на инвестиции Read More »

Експерт од Оксфорд: Животот ќе се врати во нормала напролет


Откако „Фајзер“ соопшти дека нивната вакцина против Ковид-19 е ефикасна, Џон Бел, професор по медицина на Универзитетот во Оксфорд, рече дека тимот на „Фајзер“ демонстрирал „чудесна ефикасност“ и истакна дека светот може да се врати во нормала напролет. – Јас сум првиот што тоа ќе го кажам, со самодоверба, животот ќе се врати во нормала …

Експерт од Оксфорд: Животот ќе се врати во нормала напролет Read More »

Џо Бајден се фати за телефонот и ги повика европските лидери


Тимот на избраниот претседател одби да објави по кој редослед Бајден ги побарал европските лидери   За неколку европски лидери заврши чекањето за разговор со Џо Бајден. Првиот повик на новоизбраниот претседател на САД до странски шеф на владата беше во понеделникот кај канадскиот премиер Џастин Трудо, но европските лидери не мораа да чекаат премногу …

Џо Бајден се фати за телефонот и ги повика европските лидери Read More »

Во болница се лекуваат повеќе од 1.000 пациенти со корона вирус


Со денешните нови 947 новозаболени, се смени и бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19, па така, во болница се лекуваат 1.012 пациенти заболени од корона вирус. На Инфективната клиника примени се 10 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 132 пациенти. Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца и 29 …

Во болница се лекуваат повеќе од 1.000 пациенти со корона вирус Read More »

Денеска починаа дури 30 лица, 947 потврдени случаи на Ковид-19


Денеска Македонија регистрираше рекорден број починати од корона вирусот – дури 30 лица. Во последните 24 часа се направени 3.042 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19, што е 31,1 отсто. Иако бројката на нови инфекции и натаму е многу голема, сепак стапката е малку намалена во однос на претходните денови. Во Скопје …

Денеска починаа дури 30 лица, 947 потврдени случаи на Ковид-19 Read More »

Каракачанов: Не можеме да правиме компромис за прашања поврзани со бугарската историја


Бугарија не може да направи никаков компромис со прашањата поврзани со бугарската историја и со идентитетот на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, коментирајќи ги денешните разговори на делегациите на Северна Македонија и Бугарија во Софија. – Ние го искажавме нашиот …

Каракачанов: Не можеме да правиме компромис за прашања поврзани со бугарската историја Read More »

Се разговара за клучните амбасадорски места во Вашингтон и Брисел


Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека утре ќе потпише решенија за упатување на првите амабасадори на нашата земја по подолго време, но и дека исто така ќе има состанок со работната група за новиот закон за надворешни работи. Запрашан зошто во овој клучен момент на разговори со Бугарија, ние немаме амбасадор во Софија, …

Се разговара за клучните амбасадорски места во Вашингтон и Брисел Read More »

Општина Кисела Вода продолжува со пописот на урбаното зеленило


Општина Кисела Вода продолжува со реализација на проектот за воспоставување на зелен катастар на својата територија. Со пописот на урбаното зеленило во рамки на првата фаза од проектот, во сите основни училишта и градинки на територијата на општината, и во урбаните заедници „Бирарија“, „11 Октомври – згради“ и во дел од УЗ „Цветан Димов“, беа …

Општина Кисела Вода продолжува со пописот на урбаното зеленило Read More »

Меркел повика на реформа на Шенген зоната: Многу е важно да знаеме кој ја поминува границата


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа итно треба да ја реформира својата Шенгенска зона на отворени граници, во светло на неодамнешните терористички напади. „Сакам да го променам системот на влез и излез од Шенгенската зона кој би требало да биде подготвен во 2022 година“, изјави таа по состанокот со останатите европски челници. Меркел појасни …

Меркел повика на реформа на Шенген зоната: Многу е важно да знаеме кој ја поминува границата Read More »

ЕИБ поддржува спроведување на Зелената агенда во земјите од Западен Балкан


Претседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Вернер Хојер ја поздрави одлуката на земјите од Западен Балкан да се посветат на спроведување на Зелената агенда и развој заедничкиот регионален пазар. Истовремено, тој ја поздрави и поддршката на Економскиот инвестициски план, кој го најави ЕК, фокусирајќи се на поврзаноста одржливата зелена и дигитална транзиција кон интегрираниот регионален …

ЕИБ поддржува спроведување на Зелената агенда во земјите од Западен Балкан Read More »