Во болница се лекуваат повеќе од 1.000 пациенти со корона вирус

Фото: Б. Грданоски

Со денешните нови 947 новозаболени, се смени и бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19, па така, во болница се лекуваат 1.012 пациенти заболени од корона вирус.

На Инфективната клиника примени се 10 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 132 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца и 29 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19.

Во ГОБ „8 Септември“ има девет приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се шест пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 54 пациенти, на клиниката за неврологија 20 пациенти, на кожната клиника 18 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 75, а во болницата во Штип се 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 508 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вчера во болница се лекуваа 998 пациенти.