Денеска починаа дури 30 лица, 947 потврдени случаи на Ковид-19


Фото: Б. Грданоски
Денеска Македонија регистрираше рекорден број починати од корона вирусот – дури 30 лица. Во последните 24 часа се направени 3.042 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19, што е 31,1 отсто. Иако бројката на нови инфекции и натаму е многу голема, сепак стапката е малку намалена во однос на претходните денови. Во Скопје и натаму има најголем број од новите инфекции, повеќе од половината. Според градови статистиката што ја објави Министерството за здравство, изгледа вака:
– Скопје 530
– Куманово 30
– Дебар 3
– Штип 15
– Прилеп 38
– Тетово 54
– Струга 18
– Велес 22
– Битола 43
– Охрид 43
– Кавадарци 8
– Гостивар 25
– Гевгелија 3
– Струмица 23
– Крива Паланка 4
– Радовиш 7
– Крушево 2
– Кочани 3
– Пробиштип 8
– Демир Хисар 4
– Македонски Брод 5
– Пехчево 1
– Берово 2
– Валандово 2
– Виница 1
– Делчево 5
– Кратово 4
– Свети Николе 8
– Кичево 25
– Ресен 8
– Неготино 3
Од починатите 30 лица шест се од Скопје (57, 66, 80, 64, 54 и 68), пет од Куманово (58, 64, 67, 68 и 78), еден пациент од Штип (67), тројца од Прилеп (58, 57 и 72), пет од Тетово (83, 60, 62, 69 и 58), еден пациент од Битола (78г), пет од Кавадарци (73, 74, 70, 77 и 70), еден од Гостивар (67), двајца од Радовиш (71 и 68) и еден пациент од Кочани (52).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти од:
– Скопје 301
– Куманово 45
– Штип 13
– Прилеп 34
– Тетово 51
– Струга 4
– Велес 29
– Битола 16
– Охрид 24
– Кавадарци 23
– Гостивар 20
– Гевгелија 13
– Струмица 40
– Крива Паланка 8
– Радовиш 8
– Крушево 1
– Кочани 13
– Пробиштип 8
– Македонски Брод 1
– Берово 4
– Валандово 2
– Виница 4
– Кратово 5
– Свети Николе 5
– Кичево 11
– Ресен 7
– Неготино 1
Досега во земјата се направени вкупно 275.934 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 41.222, бројката на оздравени пациенти е 24.920, на починати е 1.186, а бројот на активни случаи изнесува 15.116.