Силен земјотрес почувствуван во Македонија


Рано утрово во 04.54 часот на цела територија на Македонија почувствуван е силен земјотрес.

Според неофицијални информации, станува збор за земјотрес со јачина од 5.4 степени по Рихтер.

Според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар, земјотресот е почувствуван во Македонија и во Албанија. Засега не е познато дали се причинети материјални штети низ нашата држава.

Епицентарот на земјотресот е во селото Леуново, во близина на Маврово.

Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ) пријави земјотрес со јачина од 5,5 степени во Македонија во близина Вруток. Земјотресот се случил рано наутро во среда на 11 ноември 2020 година во 4.54 часот по локално време на мала длабочина од 10 километри.

Земјотресот беше почувствуван и во главниот град. Скопјеани се разбудија. Особено силно се чувствува во високите катови.