Намирници поволни за здравјето и работата на белите дробови


Одржувањето на здравјето на белите дробови е клучно за да се чувствувате добро. Но, голем број фактори, како што се цигарите и изложеноста на загаденоста и токсини во животната средина, можат да го нарушат здравјето на овие важни органи. При оваа пандемија на коронавирус, којшто најмногу ги напаѓа белите дробови, здравјето на овој дел од […]

Од почетокот на ноември во Босна и Херцеговина починаа 568 болни од Ковид19


Во Босна и Херцеговина од 1 ноември досега починаа 568 заразени со корона вирус, а рекордот во еден ден е забележан на 9 ноември, кога починаа 73 пациенти. И денеска Босна и херцеговина забележа висок број починати, дури 58. Новозаболени се 1.332, од 3.854 тестирања. Во Федерацијата во последните 24 часа направени се 2.451 тест […]

Второто полугодие ќе почне на 21 јануари


Зимскиот распуст за учениците ќе почне согласно календарот објавен од Бирото за развој на образованието и ќе се реализира исто како и минатите години, односно во јануари, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешната посета на Битола. Царовска потсети дека во овој период, до 20 ноември ќе заврши првото тромесечие и […]

Бајден ја освои и Аризона, четврта држава што ја презеде од Трамп


Џо Бајден победи и во Аризона, според „Едисон рисрч“, свртувајќи ја на своја страна и четвртата држава што Трамп ја освои во 2016 година и додаде уште гласови во предвидената победа на демократите во изборниот колеџ. Проекцијата се случи повеќе од една недела по затворањето на избирачките места на 3 ноември. Трамп ја освои Аризона, […]

ХДЗ не прифаќа колективна одговорност и најави жалба


Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) денеска соопшти дека не прифаќа колективна одговорност по повод денешната пресуда на Жупанискиот суд во Загреб, со која на партијата и беше изречена казна од 3,5 милиони куни (околу 460.000 евра). ХДЗ најави жалба на пресудата. Во соопштението на ХДЗ се наведува дека партијата, без да навлегува во основаноста на […]

Двојно намалена извршената работа на домашните градежници во странство


Во периодот јануари ‒ септември годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 200.928.000 денари, што е за 17 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во првите девет месеци од годинава  градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во […]

Најголем дневен пораст на заразени со Ковид-19 во Германија


Во Германија денеска е регистриран најголем број на новозаразени лица со корона вирус во еден ден – 23.542, покажуваат податоците на Институтот „Роберт Кох“. Канцеларката Ангела Меркел в понеделник ќе разговара со гувернерите на сојузните држави во врска со воведување нови мерки. Германија на 2 ноември започна со делумен карантин кој ќе трае четири недели, […]

Илјадници Белоруси протестираат на улиците на Минск поради смртта на антивладин активист


Илјадници Белоруси, со свеќи и цвеќиња, синоќа излегоа на улиците на Минск да изразат жал и сочувство за смртта на 31-годишниот демонстрант, Роман Бондаренко, за кого се наведува дека бил претепан од безбедносните сили, по што починал во болница. Британските медиуми, цитирајќи активисти на социјалните мрежи, пренесуват дека и денеска многу Белоруси се на улиците […]

Каракачанов секој ден демонстрира непопустливост


Бугарскиот вицепремиер, Красмир Каракачанов, истакна дека бугарската влада се придржува кон потпишаниот договор за пријателство и добрососедство, како и до рамковната позиција потврдена со декларација од бугарскиот парламент. Без надминување на говорот на омраза, без јасна ревизија на образовниот систем заснован на лажни факти, Каракачанов е категоричен, нема начин Бугарија да се согласи да се закаже […]

МВР го истражува паралелниот увоз на лекови во веледрогеријата Пановски


Полициски инспектори од одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР претпладнево се во веледрогеријата Пановски со налог за наоѓање и одземање на документација за увоз на лекови. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал  потврдуваат дека има акција, но дека е дел од предистрага за предмет кој во Обвинителството е отворен претходно, […]

Ѓорчев тврди дека некој ја наместил ВМРО-ДПМНЕ на 27 април


Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, сведочеше денес на нападот на Парламентот на 27 април оценувајќи дека на тој ден најмногу изгубила неговата партија, а некои лица завршиле во затвор. Оцени дека целата постапка за избор на спикер и влада во 2017 година ќе завршела за една недела ако се причекало да завршат сите пријавени дискутанти. […]

Царовска: Матурата за учениците ќе се реализира во законски утврдените рокови


Матурата за средношколците ќе се реализира во текот на наредната година и во законски утврдените рокови, како иста пракса што се случуваше во други држави од регионот и Европа, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска. За време на нејзиниот престој во Битола, Царовска ги повика учениците навреме да изберат проектна задача и наставни […]

Еуроњуз: Софија ја блокира Македонија за да ги сокрие проблемите со антивладините протести


Европските лидери му дадоа зелено светло на Скопје за влез во ЕК, но сега постои уште една пречка – Бугарија, наведува Еуроњуз во анализа насловена „Бугарија става кочници за соништата на Северна Македонија за ЕУ“. Според Еуроњуз, причина за блокирањето се внатрешно-политичките проблеми на владата на бугарскиот премиер, Бојко Борисов. „Софија, која моментално е зафатена со […]

Истражување: Мутираниот вид на корона вирусот е заразен, но помалку опасен


Најновите истражувања покажаа дека новиот, мутиран вид на корона вирус се шири полесно, но е помалку опасен од оригиналниот. Исто така, откриено е дека мутираниот вид на вирусот не ја променил својата физичка форма, односно треба да биде подеднакво подложен на имунолошкиот одговор на организмот – без разлика дали е природен или е предизвикан од […]

За писателите проблематизацијата на македонскиот јазик е антицивилизациски чин


Друштвото на писатели на Македонија излезе со реакција по повод актуелните политички недоразбирања со Бугарија. -Проблематизацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја од страна на бугарската политика, искажана деновиве како уцена во процесот на нашата европска интеграција, за македонските писатели е особено загрижувачка. За неколку стотици активни писатели и неколку стотици починати писатели, врежани во […]

Јоркширскиот мевосек почина од корона вирус


 Британскиот сериски убиец Питер Сатклиф, попознат како јоркширски мевосек, почина во затвор како последица на Ковид-19. Сатклиф убил најмалку 13 жени, со претепување и бодење со нож, низ цела Англија. Пред да биде уапсен 1981 година, тој сееше страв речиси пет години, а за тоа време и рани седум жени. Најмладата девојка што ја нападнал имала […]

Дезинформациите дополнителен проблем во справувањето со и заштита од Ковид-19


Постои наплив на дезинформации чиј интензитет се зголемува во зависност од актуелните случувања. Во трката за ексклузивност и поголема публика, повеќето држави, меѓу кои и нашата се соочија со појавата на дезинформации или недоволно проверени информации кои предизвикаа дополнителен проблем во справување со и заштита од Ковид-19, истакнал директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни […]

Во Хрватска нови 3.056 заразени со Ковид-19, 43 починаа


  Во последните 24 часа забележани се 3.056 нови случаи на зараза со корона вирусот, а активни се вкупно 16.746. Меѓу нив 1.620 пациенти се лекуваат во болница, од кои 179 на репсиратор. Починаа 43 пациенти или вкупно 968 од почетокот на епидемијата. До денеска во Хрватска се забележани 78.978 заразени со корона вирус, оздравеа […]

Иво Санадер осуден на осум години затвор, ХДЗ одговорна


Во повтореното судење на поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер е прогласен за виновен за корупција поради извлекување пари преку маркетинг-агенцијата „Фими медиа“. Санадер на повтореното судење е осуден на единствена казна затвор во траење од осум години. Пресуда е изречена и за неговите некогашни соработници, но и на партијата ХДЗ, пренесе Индекс. Повтореното судење […]