Второто полугодие ќе почне на 21 јануари

Зимскиот распуст за учениците ќе почне согласно календарот објавен од Бирото за развој на образованието и ќе се реализира исто како и минатите години, односно во јануари, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешната посета на Битола.

Царовска потсети дека во овој период, до 20 ноември ќе заврши првото тромесечие и ќе се формираат оценки, а до крајот на годината ќе заврши второто тромесечие.

-Второто полугодие за сите ученици ќе почне на 21 јануари, потврди Царовска.