Битиќи на Виенскиот форум – Главен предизвик е рамнотежата помеѓу здравствените и економските мерки, но и пост-ковид периодот


Главен предизвик во овој период е да најдеме вистинска рамнотежа помеѓу здравствените и економските мерки, но и способноста да погледнеме подалеку, во пост-ковид периодот во кој со развојни политики ќе можеме да овозможиме брз раст и развој, истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи на 17-то издание на Виенскиот економски форум, кој се одржа денес, преку видео конференциска …

Битиќи на Виенскиот форум – Главен предизвик е рамнотежата помеѓу здравствените и економските мерки, но и пост-ковид периодот Read More »

Шилегов: Изјавата на Захариева за Тито е глупост


Градоначалникот Петре Шилегов на утринската емисија на бугарската телевизија „ТВ Европа“ оцени дека изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева дека не може да се бара членство во ЕУ, а да се слави Тито е глупост и изместување на тезите.  Град Скопје во петокот во рамките на одбележувањето на празникот „13 Ноември“ организираше …

Шилегов: Изјавата на Захариева за Тито е глупост Read More »

Модерна: Нашата вакцина е ефикасна 94,5 отсто и може да се чува на 8 Целзиусови степени


Фармацевтската компанија Модерна денеска објави дека ефикасноста на нејзината експериментална вакцина против коронавирусот е 94,5 проценти, а информациите се базираат на последната фаза од клиничкото тестирање. Ова е втора американска компанија што соопшти дека разивала вакцина со висока ефикасност против Ковид-19 за само седум дена. Претходно Фајзер информираше дека ефикасноста на нивната вакцина е нешто …

Модерна: Нашата вакцина е ефикасна 94,5 отсто и може да се чува на 8 Целзиусови степени Read More »

Црн рекорд во БиХ – За еден ден починаа 73 лица


Во Босна и Херцеговина во изминатото деноноќие потврдени се релативно мал број на нови случаи на коронавирус – 726, но во исто време е поставен нов црн рекорд со дури 73 смртни случаи, објавија институтите за јавно здравје. Ова е втор пат во БиХ да има 73 починати во еден ден за десетина дена. Од …

Црн рекорд во БиХ – За еден ден починаа 73 лица Read More »

Произведуваме толку многу отпад, што не можеме ниту да го собереме


Од година во година создаваме сè повеќе комунален отпад, а речиси на една третина од ѓубрето што го создаваме му се губи трагот. Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, лани во земјава биле создадени 915.943 тони комунален отпад. Годишното количество на создаден комунален отпад во 2019 година изнесувало 456 килограми по глава на …

Произведуваме толку многу отпад, што не можеме ниту да го собереме Read More »

СЗО: Вакцината сама по себе нема да ја запре пандемијата


Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска рече дека вакцината сама по себе нема да ја запре пандемијата на корона вирусот. По избувнувањето на пандемијата, повеќе од 54 милиони луѓе се заразени, а повеќе од 1,3 милиони починаа. – Вакцината ќе ги надополни другите алатки што ги имаме, нема да ги замени. Вакцината …

СЗО: Вакцината сама по себе нема да ја запре пандемијата Read More »

Жителите бегаат од Њујорк


  Граѓаните на Њујорк масовно бегаат од својот град. Од март годинава се иселиле речиси 300.000 домаќинаства. Главните причини за селење се криминалот, ширењето на корона вирусот, осиромашувањето, но и други економски последици од пандемијата. Американската поштенска служба објави дека од 1 март до 31 октомври примила дури 295.000 барања за промена на адресата на …

Жителите бегаат од Њујорк Read More »

Свилен чевел на Марија Антоанета продаден за 50 илјади долари


Франција- Бел чевел изработен од свила и кожа од коза, кој и припаѓаше на Марија-Антоанета, последната кралица на Франција пред револуцијата во 1789 година, беше продаден за 43.750 евра (51 780 американски долари), соопштија аукционерите. Чевлите со потпетица во должина од 22,5 сантиметри, приближно еквивалентни на европска големина 36,  се украсени  со четири ленти и …

Свилен чевел на Марија Антоанета продаден за 50 илјади долари Read More »

ЕК не ги коментира изјавите на Захариева за Тито, потсетува дека условите за ЕУ се јасни


Портпаролката на Европската комисија (ЕК), Ана Писонеро, изјави дека Комисијата и натаму се надева дека преговорите со Северна Македонија ќе почнат што поскоро, но одби да ги коментира изјавите на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева поврзани за југословенската историја на земјава, јави дописничката на МИА од Брисел. По изјавата на Захариева дека “славењето …

ЕК не ги коментира изјавите на Захариева за Тито, потсетува дека условите за ЕУ се јасни Read More »

Онлајн-состанок на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика


Министерките за образование и наука и за труд и социјална политика, Мила Царовска и Јагода Шахпаска, и претставникот на Делегацијата на ЕУ Никола Бертолини, одржаа онлајн-состанок на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика. МОН соопшти дека на денешната средба, во рамки на редовниот дијалог, се дискутираше за приоритетите, координацијата и имплементацијата на …

Онлајн-состанок на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика Read More »

Горивата поскапуваат за денар до 1,5 денари за литар


Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар до денар и половина за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,11 отсто. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за еден денар за литар, додека малопродажните цени на бензинот …

Горивата поскапуваат за денар до 1,5 денари за литар Read More »

Јотова: Сметав дека сите клаузули од Договорот за добрососедство ќе станат дел од преговарачката рамка за С Македонија


Бугарија мора да стои цврсто на ставот базиран на заклучоците на Консултативниот совет за национална безбедност, што беа усвоени од бугарскиот претседател минатата есен, како и на рамковната позиција на Владата и на декларацијата на Националното собрание, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова за БГНЕС, коментирајќи ја позицијата на Софија во однос на одобрувањето на преговарачката …

Јотова: Сметав дека сите клаузули од Договорот за добрососедство ќе станат дел од преговарачката рамка за С Македонија Read More »

Почина Дионис Пашлаков, неготинскиот колекционер на стари автомобили


Почина Дионис Пашлаков, познатиот колекционер на стари автомобили од Неготино, оваа вест за МИА ја потврди неговата сопруга Грозданка. – Два месеца се бореше со леукемија. На 10 декември требаше да наполни 72 години. Целиот живот неуморно работеше на својот сон, Неготино да добие музеј на стари автомобили. Ги имаше над сто и тие беа …

Почина Дионис Пашлаков, неготинскиот колекционер на стари автомобили Read More »

Џенифер Лопез според публиката е Икона на годината. Прва ѝ честиташе Никол Кидман


САД– Годинашните награди „„E! People’s Choice Awards” се одржаа вчера, а поминаа во знакот на поп-ѕвездата и актерка Џенифер Лопез. Имено, таа беше избрана за Икона на годината, а според сценариото изгледаше како да не знае дека е добитник на истата, бидејќи ѝ беше приредено изненадување. На екранот во салата се појавија актерките и модни …

Џенифер Лопез според публиката е Икона на годината. Прва ѝ честиташе Никол Кидман Read More »

ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за случајот со 41-годишната пациентка која почина на инфективното одделение во штипската болница


Министерството за здравство соопшти дека во врска со 41- годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај. Директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Георгијев, како што се посочува, исто така побарал да се изготви комплетен извештај …

ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за случајот со 41-годишната пациентка која почина на инфективното одделение во штипската болница Read More »

Туристичкиот сектор бара бесплатни Ковид тестови за странските државјани


Бесплатни КОВИД тестови за сите странски државјани кои треба да го продолжат престојот во земјава, а се сместени во домашните хотели, како и итни протоколи за дејствување доколку некој од нив е корона-позитивен, бара Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија. Соред Здружението, на туристичкиот сектор во овој момент му е неопходно …

Туристичкиот сектор бара бесплатни Ковид тестови за странските државјани Read More »

Бугарската блокада извесна, Берлин продолжува да бара решение


Висок дипломат од земја членка на ЕУ на брифинг со новинарите утрово порача дека од изјавите на бугарската министерска за надворешни работи Екатерина Захариева извесно е дека не може да се очекува Софија да се откаже од блокадата на стратот на преговорите на земјава со Унијата на утрешниот министерски состанок, но дека дипломатските напори продолжуваат, …

Бугарската блокада извесна, Берлин продолжува да бара решение Read More »

Изложба на плакати од 13. Скопје постер фестивал, годинава со тема Ковид-19


Во Младинскиот културен центар (долна галерија) од денеска до 26 ноември ќе биде поставена изложба на плакати од 13. Скопје постер фестивал, чија тема годинава е Ковид-19. Организаторот – Здружението Плакарт соопшти дека е меѓу организаторите потткнувачи на создавањето глобална мрежа на дизајн-асоцијации и здруженија со цел да инспирираат движење за поддршка во борбата со …

Изложба на плакати од 13. Скопје постер фестивал, годинава со тема Ковид-19 Read More »

Силен удар за Додик и Изетбеговиќ на локалните избори во БиХ


Победата на кандидатот на Партијата за демократски прогрес (ПДП), Драшко Станивуковиќ, кој имаше поддршка од низа опозициски партии, на изборите за градоначалник на Бања Лука е можеби најголемото изненадување на локалните избори во Босна и Херцеговина. Во текот на славјето во изборниот штаб, Станивуковиќ најави отворање на Бања Лука за граѓански собири, кои беа ограничени …

Силен удар за Додик и Изетбеговиќ на локалните избори во БиХ Read More »

Косовската опозиција најавува скорешно гласање недоверба на владата на Хоти


Претседателката на партијата Алтернатива, Мимоза Кусари-Лила, која е дел од пратеничката група на најголемата косовска опозициска партија, Движење самоопределување (ВВ), вели дека наскоро може да се очекува Собранието да ѝ изгласа недоверба на владата на премиерот Авдулах Хоти и земјата да оди на вонредни избори, јави дописникот на МИА од Приштина. Кусари-Лила во интервју за …

Косовската опозиција најавува скорешно гласање недоверба на владата на Хоти Read More »