Се затвораат училиштата и угостителските објекти во Црна Гора


Институтот за јавно здравје на Црна Гора донесе одлука од утре (6 ноември) во Подгорица, Будва, Улцињ и во Цетиње да се затворат училиштата и угостителските објекти. Оваа мерка треба да трае 14 дена, а потоа да се анализира состојбата и да се одлучи за понатамошните чекори. Исто така, ќе се забрани собирање по станови …

Се затвораат училиштата и угостителските објекти во Црна Гора Read More »

Новиот Ајфон 12 ќе има и едно „скриено копче“


САД– Ајфон паметните телефони, обично имаат две копчиња отстрана – едно за контрола на звукот и едно за рестартирање. Новиот Ајфон има и трето, „скриено“ копче… Тајната е во новата верзија на оперативниот систем ИОС – 14-тата верзија на овој софтвер нуди неколку подобрувања, како што се уредување апликации во тематски папки, смалување на лентата …

Новиот Ајфон 12 ќе има и едно „скриено копче“ Read More »

Во Велика Британија од денеска нов карантин


Во надеж дека ќе го спречат брзото ширење на Ковид-19, британските власти од денеска воведуваат нов карантин за 56 милиони жители, Италија и Кипар се подготвуваат за полициски час, а САД имаат нов рекорд од повеќе од 100 илјади заразени за 24 часа. Коронавирусот сега најбрзо се шири во Европа со повеќе од 11 милиони случаи, од кои половина се во Русија, …

Во Велика Британија од денеска нов карантин Read More »

Премиерот Заев и одборот на Македонија 2025: Фокус кон креирање на долгорочни политики за економски развој


Вложувања во образование и зајакнување на човековиот капитал, иновации, инвестиции, подобрување на деловниот амбиент, почитување на демократските темели на општеството, борба со корупцијата и грижа за животната средина беа теми на онлајн состанокот на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи со одборот на Македонија 2025, претседателката Вера Ставроф, Мајк Зафировски и …

Премиерот Заев и одборот на Македонија 2025: Фокус кон креирање на долгорочни политики за економски развој Read More »

Во Белград е критична состојбата со бројот на заразени со новиот корона вирус


Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави денеска дека состојбата со бројот на заразени со новиот корона вирус во Белград е критична. Според него, мора да се спречи понатамошно пренесување за да се зачува здравиот систем. Во изјава за српски медиуми, тој додаде дека бројот на заразени со Ковид-19 во Белград се намалува во целокупната структура на …

Во Белград е критична состојбата со бројот на заразени со новиот корона вирус Read More »

Рекорден број новозаразени во Бугарија


Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 4.054 нови случаи на коронавирусот, што е за 13 повеќе од претходниот ден и најмногу од почетокот на епидемијата, соопшти Министерството за здравство. Од последниот пресек, тестирани се 13.203 примероци. а починале уште 54 лица. Најголем број на новозаразени има во Софија – 1.477. Од почетокот на епидемијата во Бугарија има вкупно 64.591 заразени, …

Рекорден број новозаразени во Бугарија Read More »

Најбогатите американски претседатели


Уште пред четири години, пред да стане претседател на САД, за Доналд Трамп се шпекулираше дека ќе биде најбогатиот човек што седел во Овалната соба. Порталот 24/7 Вол стрит, неговото богатство го проценува на околу 3,1 милијарди долари, што прави Трамп да биде далеку пред „конкуренцијата“. Сепак, тешко дека останатите американски претседатели биле сиромашни. Истиот …

Најбогатите американски претседатели Read More »

Предлог-законот за поддршка на платите на комисиска расправа во Собранието


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, како и Законодавно-правната комисија. Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгеда предлозите на законите за финансика поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020, за …

Предлог-законот за поддршка на платите на комисиска расправа во Собранието Read More »

Напладне ќе продолжи собраниската расправа за предлогот Добрила Кацарска да биде нов судија во Уставниот суд


Собранието денеска втор ден ќе расправа за предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за судија во Уставниот суд. Претседателот на Собранието Талат Џафери за напладне го закажа продолжението на 20. седница. Со свирежи во салата и транспарент „Кацарска извршител на мафијата“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера изразија револт против предлогот на Судскиот совет, Кацарска да биде …

Напладне ќе продолжи собраниската расправа за предлогот Добрила Кацарска да биде нов судија во Уставниот суд Read More »

Франција ја продолжи вонредната состојба до 16 февруари


Франција ја продолжи вонредната здравствена состојба до 16 февруари поради зголемениот број случаи на заразени со корона вирусот. Поради недостиг на кворум за време на седницата на Националното собрание во вторникот, вонредната состојба беше продолжена само до 14 декември. Сепак, гласањето повторно се одржа вчера и вонредната состојба беше продолжена до 16 февруари. Двомесечната пандемска вонредна состојба, која беше …

Франција ја продолжи вонредната состојба до 16 февруари Read More »

Берлин и Скопје се за старт на преговорите во декември


Продолжуваат дипломатските напори во насока на приближување на ставовите на Северна Македонија и Бугарија со цел овозможување на одржување на првата Меѓувладина седница со ЕУ за време на германското претседателство. Берлин и Скопје се за старт на преговорите во декември, за што како заедничка цел и интерес било разговарано и во текот на вчерашниот телефонски …

Берлин и Скопје се за старт на преговорите во декември Read More »

Рекордни бројки на новозаразени во САД – над 100 илјади лица за 24 часа


Нов рекорден број на нови инфекции со Ковид-19 за еден ден е регистриран во САД вчера. Според американски медиуми, најмалку 102.591 нови случаи биле пријавени еден ден по изборите во САД. Рекордни бројки на новозаразени се регистрирани во државите Колорадо, Ајдахо, Индијана, Мејн, Мичиген, Минесота, Род Ајленд, Вашингтон и Висконсин. Во вторникот, за првпат по …

Рекордни бројки на новозаразени во САД – над 100 илјади лица за 24 часа Read More »

Бајден поблиску до Белата куќа од Трамп, републиканците обвинуваат за измами


Претседателскиот кандидат на американските демократи, Џо Бајден има само уште шест чекори до овалната соба во Белата Куќа, односно му недостигаат уште шесте изборни гласови од сојузната држава Невада, каде што вчера беше прекинато гласањето и од оваа сојузна држава се уште не се објавени резултатите.Тој успеа во Мичиген да го победи својот републикански ривал, …

Бајден поблиску до Белата куќа од Трамп, републиканците обвинуваат за измами Read More »

Концерт на Филхармонија со солистот Франческо Тристано


Оркестарот на Филхармонија вечер ќе одржи симфониски концерт насловен „Кругови“ на кој како солист ќе еден од најкреативните пијанисти – Франческо Тристано од Луксембург. Диригент е Џијан Емин, а на програмата се Концерт за пијано бр. 1 во де-мол од Бах, 4 фрагменти од „Пијано кругови“ за пијано и гудачи од Франческо Тристано и Фантазија …

Концерт на Филхармонија со солистот Франческо Тристано Read More »

Облачно со повремен локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 7 до 12 степени, а дневната од 13 до 17 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремен локален …

Облачно со повремен локален дожд Read More »

ВМРО-ДПМНЕ бара да се одложат изборите во Штип и Пласница поради корона кризата


ВМРО-ДПМНЕ бара предвремените локални избори во Штип и Пласница да бидат одложени поради тоа што немало нормални услови за нивно одржување поради големиот број новозаразени од Ковид-19. Тие бараат во наредните три дена власта да ги одложи изборите поради корона-кризата, но не прецизираат дали доколку тоа не биде направено ВМРО-ДПМНЕ би имала свој кандидати за …

ВМРО-ДПМНЕ бара да се одложат изборите во Штип и Пласница поради корона кризата Read More »

Расте бројот на пациенти со Ковид-19 во болница, ќе издржи ли здравствениот систем?


Денеска во болница од Ковид-19 се лекуваат 843 пациенти, за разлика од вчера кога во болница имаше 793 пациенти заболени од корона вирус. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 160 пациенти од кои на кислородна поддршка се 130 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во …

Расте бројот на пациенти со Ковид-19 во болница, ќе издржи ли здравствениот систем? Read More »

Дамјан Манчевски стана генерален менаџер на „Мак-систем“


Поранешниот министер за информатичко општество, Дамјан Манчевски кој се тргна од политиката, на својот Фејсбук профил ја информираше јавноста за новата работна позиција која е во приватниот сектор. Манчевски е назначен за генерален менаџер на MAK-SYSTEM, приватна компанија која е  водечки светски провајдер на медицински софтвер за менаџмент на крв, плазма, ткива и клетки. „Би …

Дамјан Манчевски стана генерален менаџер на „Мак-систем“ Read More »

Македонските ракометари со триумф над Финска ги отворија квалификациите за ЕП 2022


Македонската ракометна репрезентација забележа победа над Финска со 33:24 во 1. коло од Групата – 7 во квалификациите за Европското првенство 2022. На дуелот одигран вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, рамноправно се играше само 15-ина минути, а потоа избраниците на селекторот Данило Брестовац при резултат 5:5, направија серија од 5:0 и водството го …

Македонските ракометари со триумф над Финска ги отворија квалификациите за ЕП 2022 Read More »

Кампањата на Трамп поднесе тужба да запре броењето на гласовите во Мичинген


Кампањата на претседателот Доналд Трамп поднесе тужба во Мичиген за да се запре пребројувањето на гласачките ливчиња на претседателските избори. „Денеска поднесовме тужба до Судот за жалби во Мичиген да го запреме пребројувањето сè додека не се добие значаен пристап. Ние исто така бараме да ги прегледаме ливчињата што беа отворени и преброени додека немавме …

Кампањата на Трамп поднесе тужба да запре броењето на гласовите во Мичинген Read More »