Ломбардија делумно затворена, земјата поделена на три зони


Најновите ограничувања во обид да се спречи ширењето на корона вирусот во Италија вклучуваат делумно затворање на најбогатиот и најнаселен регион на Ломбардија околу финансиската престолнина Милано, изјави денеска премиерот Џузепе Конте. Владата претходно објави нов пакет мерки што ги заострува националните ограничувања и ја дели земјата на три зони – црвена, портокалова и жолта, […]

Српскиот патријарх Иринеј хоспитализиран во Белград поради корона, беше на погребот на митрополитот Амфилохиј


Патријархот на Српската православна црква е хоспитализиран во специјална КОВИД болница во Белград, поради зараза со корона вирус. Тој е во добра состојба и нема никакви симптоми, јавуваат медиумите во Србија Патријархот Иринеј од Србија е заразен со корона вирус и бил примен во специјална болница во Белград, објави Српската православна црква, пренесува Блиц. „Како […]

Си-Ен-Ен: Бајден победи во Висконсин


Според денешните проекции на Си-Ен-Ен, демократскиот кандидат Џон Бајден победи во сојузната држава Висконсин, која носи 10 изборни гласови. Според Си-Ен-Ен, Бајден освоил 49,4 проценти од гласовите, а Трамп 48,8 проценти од гласовите. Изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп веднаш ќе побара пребројување на гласовите во Висконсин, иако резултатите од претседателските избори во земјата сè […]

Кина сака до 2035 година да ги престигне САД и да стане економија број еден во светот


Среде пандемијата со корона вирусот, Кина се појавува како мотор на глобалниот раст Кина е единствената голема економија за која се очекува да оствари позитивен резултат оваа година, при што ММФ прогнозира раст од 1,9 проценти, проследен со пораст од нестварни 8,2 проценти во 2021 година. Сепак, продолжувањето на трговските триења меѓу двете најголеми светски […]

Димитров му одговори на Милошоски: Имам работа, треба да останам негативен


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на својот профил на Фејсбук попладнево објасни зошто не присуствувал на денешната седница на собраниска Комисија за надворешни работи, посочувајќи дека веднаш ја прифатил поканата но оти со оглед на Ковид-19, сакал неговото присуство да биде дигитално. -На два ума бев дали воопшто вреди да објаснувам, но вистината е […]

Нови 1.192 случаи на Ковид-19, починаа 22 лица


Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 3.211 тестирања, а регистрирани се 1192 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 571 -Куманово 63 -Дебар 15 -Штип 50 -Прилеп 51 -Тетово 87 -Струга 10 -Велес 42 -Битола 43 -Охрид 49 -Кавадарци 15 -Гостивар 40 -Гевгелија 6 -Струмица 36 -Крива Паланка 3 -Радовиш 4 […]

Заменикот на Захариева ги испрати во изолација и неа и Хајко Мас и Михаил Рот


Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ќе мора повторно да оди во двонеделен карантин по состанокот со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева и нејзиниот заменик Петко Дојков во Берлин во понеделникот. На состанокот беа присутни и македонскиот вицепремиер Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, но тие ќе продолжат со вообичаената рутина. Бугарското МНР денеска соопшти […]

Анкара се закани со „силен одговор“ на распуштањето на турската група „Сиви волци“ во Франција


По одлуката на француската Влада за распуштање на ултранационалистичката група „Сиви волци“, Турција предупреди дека „цврсто ќе одговори“ на распуштањето, нарекувајќи ја одлуката „провокација“. „Сметаме дека е потребно да се заштити слободата на изразување и собирање на Турците во Франција (…) и дека ќе одговориме на најсилен начин на оваа одлука“, објави турското Министерство за […]

Зградата на МНР во боите на знамињата на Франција и Австрија


Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија вечерва е осветлено во боите на знамињата на Франција и Австрија. -Нашите сојузници, но пред сѐ, нашите пријатели Франција и Австрија поминуваат низ едно тажно поглавје по ужасните терористички напади. Но ние сме појаки од омразата и теророт и заедно ќе ја водиме оваа битка. Вечерва изразуваме […]

Германија ги повика американските власти да имаат доверба во изборниот процес


Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ги повика американските власти да имаат доверба во изборниот процес, бидејќи резултатот од претседателските избори што се одржуваат во САД сè уште е неизвесен. – Одзивот на гласачите е историски голем, но за жал, и поларизацијата. Затоа е важно сите политички лидери … да создадат атмосфера на доверба во […]

Во Прилеп веќе нема кластери, целиот град е кластер на Ковид-19


Жариштата не можат да се откријат, затоа што заболените не знаат ни каде се заразиле ни од кого   Анета Блажевска БИТОЛА – Ситуацијата со ширењето на корона вирусот во Прилеп е повеќе од загрижувачка. Вирусот го има насекаде. „Веќе не се следат кластери, бидејќи голем број од заболените не знаат ни каде се заразиле, […]

Нов твит на Трамп: Насекаде пронаоѓаат гласови за Бајден


Американскиот претседател, Доналд Трамп, со нов твит повторно изрази сомнеж во регуларноста на пребројувањето на гласовите на претседателските избори. “Тие работат напорно за да ја снема предноста од 500.000 гласови во Пенсилванија што е можно поскоро. Како и во Мичиген и во другите држави”, напиша Трамп на Твитер. Во претходниот пост, тој изјави дека тие […]

Мичиген најави неофицијални изборни резултати до крајот на денот


Мичиген, клучна држава што ќе помогне да се утврди кој победи на претседателските избори во САД, и натаму пребројува илјадници гласачки ливчиња. – Неофицијални резултати се очекуваат до крајот на денот, изјави државната секретарка Џослин Бенсон. Во изјава за Си Ен Ен таа рече дека преостанува да се пребројат уште околу 100.000 гласови и оти […]

Велика Британија еден месец под „клуч“ за да спречи ширење на корона вирусот


Британскиот Парламент денеска го одобри едномесечното „заклучување“ на Англија поради ширењето на коронавирусот. Британските медиуми пренесоа дека пратениците на  Долниот дом со 513 гласа „за“ го поддржаа планот на премиерот Борис Џонсон, што  треба да го спречи ширењето на коронавирусот да биде неконтролирано и да доведе до колапс на здравствениот систем. Против гласаа 38 пратеници. […]

Клоси: За терористите Албанија е место за засолнување, не за напади


Поранешниот прв човек на албанската тајна служба, ШИШ, Фатос Клоси коментрајќи го терористичкиот напад во Виена, оценува дека целта на терористите е да ја заплашат Европа и да извршат напади таму каде што сметаат дека нивната активност има најголем ефект. Што се однесува до Албанија, според него, терористите доаѓаат во земјата затоа што сметаат дека […]

Албанија со нов негативен рекорд на инфицирани, затворени судови и градинки


Коронавирусот, кој зема се поголем замав ги затвори судовите во градовите Круја и Драч, а до следниот четврток е затворен и судот во Тирана. Опасниот вирус затвори и градинки во неколку градови, има заразени и во општинските администрации, училиштата,па дури и во владата и парламентот. Во меѓувреме и денеска е забележан нов негативен рекорд на […]

Јужна Кореја одобри тест кој открива и грип и коронавирус


Здравствените власти во Јужна Кореја одобрија нов тест дизајниран да открие и Ковид-19 и сезонски грип од ист примерок, што ќе им помогне на болниците  во период на совпаѓање на коронавирусот и сеознскиот грип. Нов тест насочен кон гените специфични и за ковид-19 и за сезонски грип еволуираше верзија на ПЦР тестови што се користат […]

Трамп на Твитер: Ноќеска водев и одеднаш гласовите почнаа магично да исчезнуваат


Броењето на гласовите од вчера оддржаните претседателски избори во САД се уште е во тек, резултатот од гласањето е крајно неизвесен, но актуелниот претседател Доналд Трамп веќе го оспори изборниот резултат. По ноќешниот говор во кој прогласи победа, тој се огласи и на Твитер. „Синоќа водев, често пати солидно, во голем број клучни држави, во […]

Заев разговараше со Меркел: Преговорите со ЕУ треба да почнат сега


Премиерот Зоран Заев денеска телефонски разговараше со канцеларката на  Германија, Ангела Меркел, при што бил споделен заедничкиот интерес и истата цел на двете земји за време на германското претседателство со ЕУ, да се одржи првата меѓувладина конференција во декември како почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, соопшти владината прес-служба. Заев изразил […]

Нема веќе картички, 26 милиони евра финансиска помош ќе легнат на трансакциските сметки на 300 илјади граѓани


Владата го усвои законот со кој на ранливите категории ќе им се доделат 6.000 денари, како дел од антикризните мерки од четвртиот пакет на мерки. Станува збор за околу 26 милиони евра кои ќе им бидат распределни на околу 300.000 граѓани на нивните трансакциски сметки, а кои ќе бидат наменети за купување домашни производи, објави […]