Предлог-законот за поддршка на платите на комисиска расправа во Собранието


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, како и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгеда предлозите на законите за финансика поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020, за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравственоекономската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, како и измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност, сите по по скратена постапка во второ читање.