Забележан континуиран пораст на деца жртви на трговија со луѓе, велат од МВР


Tрговијата со луѓе не е само кривично дело со елементи на организиран криминал, туку многу повеќе – модерно ропство. Жртвите на трговија со луѓе не се безимени лица, тие се меѓу нас, во нашето непосредно опкружување, често пати очајнички бараат некој да ги спаси од ропството, вели меѓу другото во интервју за МИА, државниот секретар […]

Патувања без ПЦР тест и во Косово, за Србија, Црна Гора и БиХ останува обврската


Македонските државјани можат да патуваат во Косово без приложување негативен ПЦР тест, додека таа обврска останува и понатаму за влез во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина,, откако Владата синоќа поради новонастаната епидемиолошка состојба ја ревидираше одлуката донесена во понеделнкот со која трребаше да се отворат ганиците со сите четири земји -Владата на Република […]

Четири клучни грешки на Трамп и Белата куќа


Откако американскиот претседател Доналд Трамп се зарази со коронавирус, се постави прашањето кои се клучните правила кои ги прекршила Белата куќа за спречување на ширењето на Ковид-19. Би Би Си ги следеше мерките и препораките на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и начинот на кој ги следела Белата куќа. Носење заштитна […]

Твитот на Трамп дека е имун на Ковид-19 означен со предупредување за ширење на погрешни информации


САД – Твитер стави предупредување на твитот на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој тој тврди дека е имун на Ковид-19, со што ги прекршил правилата на компанијата за ширење на потенцијално погрешни и штетни информации поврзани со новиот коронавирус. Трамп во твитот напиша дека има„целоснаи комплетна потврда од лекарот од Белата куќа од вчера“, што […]

Неевропски условувања од Софија за старт на преговорите со ЕУ


Северна Македонија се уште е во исчекување на јасна потврда од Бугарија за поддршка за старт на преговорите со ЕУ, односно одржувањето на Меѓувладината конференција за време на германското претседателство до крајот на годинава, откако Софија порача дека пред отворање на пристапните преговори треба да се надминат недоразбирањата за историските прашања. Премиерот Зоран Заев вчера […]

Приспособување на слепите лица на условите што ги наметна кризата со Ковид-19


Тешко е да се живее во стан за едно слепо лице, без разлика дали е пандемија или не. Околу нашите станови нема ниту паркови, ниту клупи, возила се паркираат на тротоарите, ова се секојдневни проблеми со кои се соочувам, вели штипјанката Ливанта Дивчова. Таа и останатите 99 членови на Здружението на слепи лица во Штип […]

Градинките за домашни миленици реална потреба во време кога секој брза некаде


Популацијата на кучиња, особено на салонските раси, е неколкукратно зголемена во Скопје за само неколку години. Се почесто се сретнуваат малтезери, бишони, шицу, јоркширски териер, западношкотски териер, померанци, златни ретривери….Чувањето на овие раси на кучиња и работните обврски на сопствениците несомнено ја наметнаа потребата од отворање на специјализирани фризерски салони, но и градинки каде милениците […]

Да се зајакнат административните и оперативни капацитети за сите видови транспорт, препорака од ЕК


Северна Македонија е умерено подготвена во областа на транспортот. Остварен е ограничен напредок, но само во однос на поврзаноста. Потребна е зголемена политичка посветеност за спроведување на неопходните секторски реформи и повеќе напори за зајакнување на административните и оперативните капацитети за сите видови транспорт. Нема напредок во завршувањето на клучните реформи во секторот и препораките […]

Сончево со умерена облачност и повремен локален дожд


Времето претпладне сончево со умерена облачност, освен на крајниот југоисток каде ќе биде облачно со повремен локален дожд. Попладне, во вечерните и ноќните часови облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја. На повеќе места се очекуваат обилни […]

Како Надал го освои Ролан Гарос и 20. грен слем титула


Кралството тешко му се одзема на кралот. Тоа на многу брутален начин го почувствува Новак Ѓоковиќ за време на мечот во кој беше декласиран од Надал   Ниту Новак Ѓоковиќ, ниту Роже Федерер не можеа да му се спротивстават на Рафаел Надал во неделата. Надал направи неверојатно брза работа против двајцата во финалето на Отвореното […]

Македонските граѓани сепак од утре нема да можат во Србија, Црна Гора и БиХ без ПЦР тест


Граѓаните на Република Северна Македонија нема да можат да патуваат во Србија, Црна Горна и Босна и Херцеговина без приложување на негативен ПЦР тест, соопшти вечерва Владата. – Владата на Република Северна Македонија ги известува граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со Ковид-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на […]

Корона вирусот може да преживее до 28 дена на пари и телефони


  Вирусот кој го предизвикува Ковид-19 може да биде инфективен на површини како што се банкноти, екрани од телефони и нерѓосувачки челик и до 28 дена, објавија истражувачи. Истражувањето на австралиската национална научна агенција укажува на тоа дека САРС-Ков0-2 може да преживее на површини подолго отколку што се мислеше порано, пренесе Би-би-си Вирусот најчесто се […]

Рекорден број новозаболени во Русија од почетокот на епидемијата


Русија денеска пријави 13.634 нови случаи на заразени со корона вирус, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. Во Москва има 4.501 новозаразен, а во Санкт Петерсбург 528, пренесе Тасс. Од почетокот на епидемијата во Русија регистрирани се речиси 1.300.000 случаи со инфекции. Во претходните 24 часа од корона вирус починаа 149 лица, со […]

Излезе видео кое покажува што им прави полицијата на затворените демонстранти во Белорусија


Во денот на нови големи протести во Белорусија и употребата на водени топови и шок бомби од страна на полицијата, која со сите сили се обидуваше да ги растера илјадниците демонстранти, се појави видео од затворот каде се притворени противниците на режимот на претседателот Александар Лукашенко. Затворениците мора да поминуваат низ шпалир полицсјци опремени со […]

Вархеји во самоизолација


Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, објави дека е во самоизолација откако дознал дека член на неговиот тим е позитивен на коона вирус. „Денеска бев известен дека член на мојот тим е позитивен на корона вирус. Додека ги чекаме новите резултати, мојот тим и јас сме во самоизолација во согласност со препораките за јавно здравје. […]

Центар, Аеродром и Карпош со повеќе од 300 активно заболени од Ковид-19


По денешните нови 383 регистрирани заболени од Ковид-19, три скопски општини имаат повеќе од 300 активни случаи. Имено, Центар има 316, Аеродром 311, а Карпош 301 активно заболен од Ковид-19. Според денешната статистика, активни случаи во скопските општини се во: Центар – 316 Аеродром – 311 Карпош – 301 Кисела Вода – 208 Гази Баба […]

Заев побара од Лидија Димова веднаш да образложи како се трошат европските пари


Откако јавноста беше зачудена дека еден фризерски салон во Скопје добил 270.000 евра европски пари од програмата „Еразмус+“ премиерот Зоран Заев побара од директорката на Националната агенција, Лидија Димова, да објасни на кој начин се делени тие пари и врз основа на кои критериуми. Во изјавата за „А1он“ Заев бара од Димова на прес-конференција да […]

Пол Макартни се сеќава кога прв пат го видел Џон Ленон


Пол Макартни прв пат го забележал Џон Ленон во автобус – и таа средба оставила непогрешлив впечаток кај уметникот. „Го имав видено неколку пати и помислив: ‘Леле, знаеш, тоа е момче што изгледа интересно“, му рече 78-годишникот на најмладиот син на Ленон, Шон Оно Ленон, за време на специјалната емисија на Би-би-си Радио 2 посветена […]

Македонија се спаси од пораз на гостувањето кај Естонија


Македонската фудбалска репрезентација освои бод на гостувањето кај Естонија, иако на петнаесетина минути пред крајот домаќините водеа со 3:1. Во натпревар од 3. коло Ц-сегмент во Лигата на нации, избраниците на селекторот Игор Ангеловски први дојдоа во водство со автоголот на Мартен Куск во 3. минута. Следуваа два погодока на Рауно Сапинен (33. и 61. […]

Тактиката на Трамп функционира


Голем дел од западниот свет со неодобрување го следи однесувањето на од Ковид-19 заболениот американски претседател Трамп. Но, на неговите поддржувачи им се допаѓа демонстрацијата на мачо-сила, смета Инес Пол   Некои веројатно уште се сеќаваат: на почетокот на изборната кампања во 2016. година Доналд Трамп отворено изјави дека може да застрела некого во срцето на […]