Пол Макартни се сеќава кога прв пат го видел Џон Ленон


Џон Ленон (1940-1980) пејач и гитарист (лево) и Пол Макартни, пејач и басист, снимени во 1963 година 

Пол Макартни прв пат го забележал Џон Ленон во автобус – и таа средба оставила непогрешлив впечаток кај уметникот.

„Го имав видено неколку пати и помислив: ‘Леле, знаеш, тоа е момче што изгледа интересно“, му рече 78-годишникот на најмладиот син на Ленон, Шон Оно Ленон, за време на специјалната емисија на Би-би-си Радио 2 посветена на 80-тиот роденден на музичарот.

„И потоа исто така го видов во редица за риби и компирчиња и реков: ‘Ох, тоа е тоа момче од автобусот’“, продолжи Макартни. „Си велев себеси – тој е кул момче“.

Макартни рече дека двајцата во тоа време биле само тинејџери и имаа заеднички интерес за модата Теди Бој од 50-тите години на минатиот век, која вклучува залижана коса, панталони како цевки и долги јакни.

„Не знаев ништо за него, освен што изгледаше прилично кул“, рече Макартни за неговиот иден соработник во музиката. „Тој имаше залижана коса и сè… тоа беше изгледот на Теди Бој. Сите ние се обидувавме да сториме нешто од тоа во тој момент, па ако некогаш забележавте некој што се обидува да го стори тоа, помисливте: ‘Јас веројатно ќе се чувствувам добро со него’“.

„Но, јас не знаев ништо за него“, забележа Макартни. „И не знаев кој е, освен што ќе го видам во автобус и ќе го видам во продавницата за риби и компирчиња“.

Заеднички пријател по име Иван на крајот ќе го запознае Ленон со Макартни на црковен саем на 6 јули 1957 година, објави магазинот „Пипл“ во вторникот. Во тоа време, Ленон настапуваше со бендот наречен „Quarrymen“.

Медиумот откри дека меѓу нив цветало пријателство и Ленон редовно ја посетувал куќата на Макартни за да научи акорди и да вежба.

Иако двајцата потекнуваа од Ливерпул, Макартни рече дека нивните воспитувања биле многу различни. Макартни потекнуваше од големо, пријателско семејство, кое свиреше музика. Од друга страна, Ленон бил одземен од неговата мајка на 5 години за да живее со тетка му.

„Дури подоцна сфатив… какво тешко воспитување имал во споредба со мене“, рече Макартни, додавајќи дека Ленон ја „идолизирал“ својата мајка.

„Беше толку тажно што тој не живееше со неа и неговите полусестри“, додаде тој.

Мекартни и Ленон, како и колегите од групата Џорџ Харисон и Ринго Стар, немаа официјална музичка наобразба. Но, Макартни рече дека тоа само ги принудило „Битлси“ да научат како да пишуваат, свират и снимаат музика заедно.

„Сега гледам наназад како фан“, рече Мекартни. „Мислам, … Леле. Колку имав среќа што го сретнав ова чудно Теди Бој момче надвор од автобусот, кој испадна да свири музика како мене и ние се дружевме и се надополнувавме еден со друг. Знаете, беше малку јин-јанг“. (Фокс њуз)