Како Надал го освои Ролан Гарос и 20. грен слем титула


Рафаел Надал го победи Новак Ѓоковиќ и се изедначи во бројката од 20 грен слем титули со Роже Федерер

Кралството тешко му се одзема на кралот. Тоа на многу брутален начин го почувствува Новак Ѓоковиќ за време на мечот во кој беше декласиран од Надал

 

Ниту Новак Ѓоковиќ, ниту Роже Федерер не можеа да му се спротивстават на Рафаел Надал во неделата.

Надал направи неверојатно брза работа против двајцата во финалето на Отвореното првенство на Франција, уништувајќи го Ѓоковиќ, светскиот играч бр. 1, со 6-0, 6-2, 7-5 за да се изедначи со рекордот на Федерер од 20 грен слем титули во сингл.

Без сомнение, тоа беше најдобриот настап на Надал на Ролан Гарос, што е вистинска факт со оглед на тоа што тој веќе имаше освоено 12 грен слем титули во сингл на истиот правоаголник од црвена глина.

Немаше ништо несреќно во бројот 13. Тој беше на ниво на задачата и на целта уште од самиот старт, удирајќи винери, стигнувајќи дроп шотови и ги држеше своите неизнудени грешки на строг минимум. Тој направи само две во воведниот сет и 14 во мечот, давајќи му на Ѓоковиќ малку време или простор да ја пронајде својата игра.

Ѓоковиќ, шампион на Францускиот опен во 2016 година, е еден од двајцата што го победил Надал на Ролан Гарос. Тој го победи Надал во последните три грен слем мечеви еден против друг.

Последниот од нив се случи на Австралија опен 2019, каде Ѓоковиќ го совлада Надал со 6-3, 6-2, 6-3 во она што Ѓоковиќ сè уште го смета за најдобра своја игра во кариерата. Надал можеше само да ги стисне усните, да замавне со главата и да каже „премногу добро“.

Но, тој ритам се случи на тврд терен, најдобрата површина за Ѓоковиќ, на најголемиот турнир кој го освојуваше најчесто. Наплатата во неделата дојде во кралството на Надал.

„Извини за денес“, му рече Надал на Ѓоковиќ во неговите забелешки по победата. „Во Австралија ме уби. Јасно е дека денес беше мој ред. Тоа е дел од играта. Игравме многу пати заедно“.

Ова сепак не беше Ролан Гарос како и сите други. Тој беше преместен од пролет на есен поради пандемијата на корона вирусот, правејќи постудените температури да го направат форхендот на Надал помалку жив отколку во минатото. Публиката беше ограничена на само 1.000 гледачи со платени билети дневно на Ролан Гарос.

Тоа беше исто така првото Отворено првенство на Франција што се играше со покрив и рефлрктори, што значеше дека Надал мораше да го добие својот четвртфинален меч против Јаник Зинер доцна  по полноќ. Поради дожд во попладневните часови во неделата, финалето се играше со затворен покрив – прво во историјата на турнирот, кој за прв пат се играше на Ролан Гарос во 1928 година.

Ова беше прво финале на Ролан Гарос кое се играше со затворен покрив и под рефлектори

Тоа е голема промена што треба да се процесира за шампион како Надал. Но, тој успеа да ја одржи традицијата проширувајќи го своето владеење и ставајќи крај на серијата порази против Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ немаше загубено завршен натпревар во 2020 година, единствен пораз беше во четвртото коло на Отвореното тениско првенство на САД, кога беше дисквалификуван на крајот од првиот сет против Пабло Карењо Буста откако удри топка и ненамерно погоди линиски судија во грлото .

Надал ги прескокна УС Опен за да се фокусира на Ролан Гарос, кој изгледаше како маестрален потег во неделата, бидејќи тој изгледаше свеж, желен и нескршлив. Ѓоковиќ, 17-кратен шампион во сингл, никогаш не загуби сет со 6-0 во финале на грен слем.

„Мислев дека сум во одлична форма“, рече Ѓоковиќ. „Секако дека можев да играм подобро, особено во првите два сета. Но, знаете, тој ме изненади со начинот на кој играше, квалитетот на тенисот што го произведуваше, нивото. Мислам, тој е феноменален. Одигра перфектен натпревар, особено во првите два сета“.

Ѓоковиќ, еластичниот Србин, беше непрепознатлив во неделата. Тој се држеше до многу исти модели што му одеа добро во текот на овој турнир и во Рим минатиот месец, каде го освои Отвореното првенство на Италија на земја. Но, неговите многубројни удари ретко го измамија Надал, кој обично беше брз и беше брз да го натера Ѓоковиќ да плати.

„Очигледно сакав некако да го нарушам неговиот ритам“, рече Ѓоковиќ. „Но, тој беше подготвен. Тој беше таму, тој беше подготвен. Денес ги играше сите вистински удари“.

Новак Ѓоковиќ прв пат загуби еден сет со 6-0 на едно грен слем финале

Тоа се случуваше толку често на Ролан Гарос, и ако емпатичната победа во неделата наликуваше на која било друга, тоа беше финалето во 2008 година против Федерер, кое Надал го доби со 6-1, 6-3, 6-0 (неверојатно, тие остануваат пријатели).

Ѓоковиќ барем можеше да генерира неизвесен трет сет. Тој се бореше со брејкот во раниот дел од сетот за да го скрши сервисот на Надал само еднаш за време на мечот и викаше на сет глас со стисната во тупаница, што обично е негов начин да потенцира дека моментумот е поместен.

Но, Надал мирно и немилосрдно го грабна назад. На 5-5, 30-40, Ѓоковиќ погоди втор сервис близу до линијата што првично беше прогласена за добра топка, но потоа беше пресудена како двојна грешка по прегледот на трагата од главниот судија, Дамиен Думузис.

Ѓоковиќ погледа уште еднаш, а потоа се откажа и се упати кон својот стол. Надал тогаш сервираше за победа со нула, завршувајќи со остар слајс ас и падна на колена. Во изминатите години, Надал изгледаше надминат со емоции по шампионските поени. Овој пат, неговиот прв одговор беше да се смее. Сигурно дури и тој не замислуваше да го победи Ѓоковиќ, вториот најуспешен играч на земјени терени во ерата на Надал, на сличен начин како овој.

„Секој знае дека овој терен е најважниот терен во мојата тениска кариера“, рече Надал подоцна, пред да го смири тонот.

„Ние сме под многу тешки околности“, рече тој со маска на лицето. „На некој начин не е толку среќно затоа што не можеме да го славиме турнирот на нормален начин“.

Тој додаде: „Навистина се надевам дека за неколку месеци кога ќе се вратиме тука, се надевам дека во јуни ќе можеме да го прославиме овој неверојатен, нов, прекрасен стадион со полна публика“.

Надал и Ѓоковиќ се соочија 56 пати: повеќе од сите други тенисери кои играле еден против друг во ерата на Опен. Ѓоковиќ води со тесна разлика од 29-27.

„Денес ти покажа зошто си крал на глината“, рече Ѓоковиќ за време на доделувањето на наградите. „Јас го доживеав тоа на мојата кожа. Тоа беше многу тежок меч. Јас очигледно не сум толку задоволен од начинот на кој играв, но денес дефинитивно бев надигран од подобар играч“.

Надал (34) не испушти сет на седум меча, а победата во неделата беше 100-та на на Ролан Гарос. Тоа сигурно ќе беше бројот на денот, ако не беше рекордот на Федерер.

Надал и Федерер се пријателски ривали повеќе од една деценија, играјќи некои од најнезаборавните натпревари во долгата историја на тенисот, вклучувајќи го и нивното финале на Вимблдон во 2008 година кое стана клаисика и кое го освои Надал во пет сета.

Но, Федерер (39) е речиси пет години постар од Надал и секогаш бил пред него во грен слем турнирите. До неделата.

Рекордот во сингл на грен слем стана најзначајната референтна точка во играта во оваа ера со Федерер, Надал и Ѓоковиќ кои доминираат во машката игра и се форсираат едни на други за да ги подобрат своите игри и да ги продолжат своите кариери.

„Отсекогаш имав најголема почит кон мојот пријател Рафа како личност и како шампион“, рече Федерер на Твитер веднаш по финалето во неделата. „Како мој најголем ривал во текот на многу години, верувам дека притискаме еден врз друг за да станеме подобри играчи“.

Федерер го нарече освојувањето на Купот на Франција 13 пати „едно од најголемите достигнувања во спортот“. Тој додаде: „Се надевам дека 20 е само уште еден чекор кон продолжението за двајцата. Браво, Рафа. Ти го заслужи тоа“.

20-та титула на Надал ќе го продлабочи разговорот за тоа кој заслужува да се смета за најголем машки играч на Опен ерата и можеби дури и во историјата на спортот (иако тоа е многу потешка споредба).

Надал не беше желен да разговара за тоа во неделата.

„Не размислувам денес за 20. грен слем“, рече тој. „Денес за мене е само победа на Ролан Гарос. Ролан Гарос ми значи сè. Тука ги поминав најважните моменти или повеќето најважни моменти во мојата тениска кариера. Нема сомнение во тоа“. (Њујорк тајмс)