Корона во затвор и тоа на Алјаска: Прогласен карантин


Надлежните од сојузната американска држава Алјаска соопштија дека во затворот во градот Фербанкс заразени се 33 затвореници, меѓу кои и една жена. Затворот прогласи карантин од 14 дена. Останатите затвореници се тестираат на корона вирус, а резултатите се очекуваат до понеделник. Затворениците со корона вирус се изолирани во одвоена единица на затворот. Овој затвор го […]

Инфлуенсер почина од Ковид-19: Тврдеше дека вирусот не постои


Украинскиот фитнес инфлуенсер Дмитриј Стужук, кој тврдеше дека корона вирусот не постои, почина од последиците од оваа болест на возраст од 33 години. Тој се заразил при престојот во Турција, а како што објави Скај њуз, кога се вратил во Украина бил тестиран и бил позитивен на вирусот, па завршил во болница. По осум дена […]

Босна и Херцеговина денеска со помалку заразени


Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина забележани се 556 новозаразени, а тестирани се вкупно 1.516 лица. Вчера имаше 716. Во Федерацијата биле тестирани 946 примероци, од кои 379 биле позитивни на корона вирус. Досега се тестирани 181.407 примероци во Федерацијата, а корона вирусот е потврден кај 22.209 лица, пренесе Кликс.ба. До денеска, излечени […]

Одбележан Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе – 18 октомври


Поинтензивно вклучување на новинарите во борба против трговијата со луѓе, балансирано известување во однос на заштитата на личните податоци на жртвите на трговија со луѓе, но и почитување на нивните права, поголема вклученост на МТСП односно зајакнување и одржливост на постоечките мобилни тимови, зајакнати капацитети во институциите, да се подобрат просториите за сместување на ресоцијализираните […]

Словенија во опасна зона – над 19 отсто позитивни на корона од вкупно тестираните


Во Словенија, уделот на позитивни резултати на коронавирус во вкупниот број тестирани примероци за првпат надмина 19 проценти, откако вирусот е потврден во 726 случаи од 3.765 тестови. Ова значи дека бројот на активни случаи на Ковид-19 во Словенија во моментов е 6.651, додека вирусот од почетокот на пандемијата е потврден кај 13.151 лице. Во […]

Бројот на заразени со корона вирусот во светот надмина 40 милиони


Бројот на заразени со новиот корона вирус во светот надмина 40 милиони, поточно 40.014.845, покажуваат податоците на интернет страницата Ворлдометер. Бројот на починати од почетокот на пандемијата е 1.115.308, а закрепнале речиси 30 милиони луѓе – 29.927.866. Во моментов во светот има 8.971.671 активен случај, од кои 8.899.700 се со лесни симптоми, а 71.971 се во критична состојба. Најголем број […]

Три милијарди луѓе во светот немаат услови за да мијат раце


Најновите податоци на УНИЦЕФ покажуваат дека околу три милијарди луѓе или 40 проценти од светската популација немаат услови дома да одржуваат основна хигиена со миење на рацете. УНИЦЕФ предупреди дека недостапноста до основната хигиена како што е миењето на рацете за милиони луѓе значи зголемен ризик од зараза со коронавирусот и други болести. Според извештајот на УНИЦЕФ […]

Гувернерот на Њујорк забрани гигантска свадба за 10.000 души


Oгромна венчавка со 10.000 лица, планирана за Бруклин во понеделникот беше забранета од гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо. Невестата била внука на познат лидер на еврејските хасиди. Свадбената церемонија за роднината на Залман Лајб Тајтлбаум, голем рабин на сектата Сатмар, требаше да се одржи во синагогата во еврејската населба на хасидите Вилијамсбург. Се очекуваше […]

Османи во посета на Љубљана и Загреб, ќе има средби со Пахор, Логар, Пленковиќ и Радман


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска патува во официјална посета на Љубљана, а во вторник продолжува во работна посета на Република Хрватска. Османи утре ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Анже Логар. Во рамки на посетата на Словенија се  предвидени и средби со претседателот на државата Борут Пахор, како и со претседателот […]

Дефицитот на САД достигна рекордни 3,1 илјади милијарди долари


Поради масовната алокација на средства од буџетот за време на пандемијата и послабата наплата на даноци, дефицитот во Соединетите држави достигна рекордни 3,1 илјади милијарди долари оваа година, што е за три пати повеќе од 2019 година. Дефицитот е повеќе од двапати поголем отколку за време на кризата во 2009 година, кога изнесуваше 1,4 илјади […]

Идната недела стабилно време со повисоки дневни температури


Стабилно време, преку ноќ студено, со ниски утрински и дневни температури во постепен пораст, најавува УХМР за следната недела. Според УХМР; денеска попладне во западните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена. Во Скопје […]

Заев: Пописот го одложивме зашто така бараа Мицкоски и опозицијата


Пописот го одложивме бидејќи Мицкоски и опозицијата бараа да биде одложен неколку месеци пред пандемијата и го направивме тоа, вели ремиерот Зоран Заев во изјавата споделена на неговиот фејсбук-профил. Април, 2021 година, е датумот кога ќе се спроведе пописот, нагласува Заев. Според него, пописот и резултатите никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор, или […]

Стевановиќ: Не ни бега црното сценарио


Ако продолжиме да се однесуваме вака, црното сценарио нема да ни избега, вели директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, доктор Милена Стевановиќ, во неделното интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) зборувајќи за состојбата со коронавирусот во земјава. Докторката ваков одговор дава на прашањето, во кое сценарио би ја сместила Македонија од трите што […]

МЗ: Граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот


Министерството за здравство повторно упатува апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Според Министерството, носењето заштитна маска, одржувањето физичка дистанца и миењето раце – одржување на хигиена се единствените мерки кои може да го стопираат ширењето на вирусот. Тие се клучни во борбата со КОВИД-19. -Вчера, министерот за здравство Венко […]

(Видео) Обраќања на Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и претседателот Пендаровски


Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА, кој чиноначалствуваше со Божествена архијерејска литургија, ќе се обрати на денешната главна и централна прослава на великиот јубилеј 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир. Се очекува освен архиепископот г. г. Стефан, да се обрати и […]

Во Хрватска 819 новозаразени во последните 24 часа


Хрватскиот кризен штаб денеска соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 819 новозаразени со корона вирусот од тестирани 4.948 луѓе, а осум лица починале. Бројот на активни случаи во Хрватска е 5.164, меѓу нив хоспитализирани се 548 лица, од кои 32 се на респиратори. Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, до […]

Г. Партениј: 1000 години Бигорски Манастир – 1000 години родољубие, преродба, светост


Со синоќешната архијерејска Вечерна богослужба, на која молитвено претстоеше надлежниот архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј, почна одблежувањето на големиот јубилеј 1000- годинишнната од основањето на Бгорскиот манастр. Пред почетокот на Вечерната богослужба, во храмот на Чесниот Претеча, Слово одржа Епископ Антаниски г. Партениј, во кое меѓу другото рече дека илјадагодишното наследство […]

Рекорден број заразени во Франција – дури 32.427


Во Франција вчера се регистрирани рекордни 32.427 новозаразени со коронавирусот, соопшти француското Министерство за здравство. Од последниот пресек починале уште 90 лица. Од почетокот на пандемијата во Франција се заразиле вкупно 867.197 лица, а 33.392 починале.

За гостите богата трпеза со манастирска храна приготвена од врвни македонски готвачи


Трпезата за милениумската прослава на манастирот „Св. Јован Бигорски“ ќе биде во духот на светилиштето и празничната свеченост. Гостопримливоста на домаќините ќе се огледа и на масите на кои ќе биде послужена храна. Сé во духот на традицијата и вкусот на македонската кујна. Предизвикот им беше предаден на најдобрите готвачи кои работат во реномирани македонски […]

Поплави во Виетнам, има и жртви


– Виетнам го погодија невидени поплави, а 22 војници се водат како исчезнати во провинцијата Кванг Три, каде дошло до големо свлечиште, објави Владата во Ханој. Обилните дождови што паѓаат од почетокот на октомври предизвикаа поплави и предизвикаа бројни одрони, а најмалку 64 лица загинаа само во централниот дел на Виетнам. Во соседната провинција Туа Тиен Хуе, […]