Одбележан Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе – 18 октомври

Поинтензивно вклучување на новинарите во борба против трговијата со луѓе, балансирано известување во однос на заштитата на личните податоци на жртвите на трговија со луѓе, но и почитување на нивните права, поголема вклученост на МТСП односно зајакнување и одржливост на постоечките мобилни тимови, зајакнати капацитети во институциите, да се подобрат просториите за сместување на ресоцијализираните лица жртви трговија со луѓе, зајакнувуње на афирмацијата на судската транспаретнност …

Ова се дел од пораките упатени од учесниците на денешната он-лајн дебата организирана по повод 18 Октомври – Европскиот ден на борбата против трговијата со луѓе, на која, меѓу другите, учествуваа Националниот координатор на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и криумчарење мигранти, Магдалена Несторовска, нејзината заменичка Светлана Влаховиќ, судијата од Управниот суд Едита Насковска, Љупчо Маркудов, началник Нaционалнaта единица за сузбивање на трговијата со луѓе и илегалната миграција, како и поголем број новинари.

Според Несторовска, најважно е во годината повеќе денови да се претворите во 18-сети Октомври, повеќе денови да се посветат на борбата против трговијата со луѓе, да информираме што повеќе луѓе за оваа појава, да се приклучат што повеќе институции во борбата против трговијата со луѓе.

Во овие неколку години, информира, Националната комисија реализирала повеќе содржини од Стратегијата за борба против трговијата со луѓе и Акцискиот план 2017-2020, направени се обиди да се смени законската регулатива, Кривичниот закон, и да се поостриме казнената политика спрема извршителите на овие кривични дела.

– Да изградиме нови и да ги зајакнеме институционалните капацитети во борбата против трговијата со луѓе, преку формирањето на Таск форсот и вклучувањето на јавното обвинителство. Да го зголемиме бројот на локални комисии во општините за борба против трговијата со луѓе. Да ги вклучиме сите фактори во општините, како и невладиниот сектор кој работи на оваа проблематика на микро план преку етаблирањето на мобилните тимови. Да ја иницираме и донесеме новата законска регулатива за обештетување на жртвите од трговија со луѓе со правичен надоместок од страна на државата. Да осмислиме и во пракса да ги спроведеме индикаторите за превентивно откривање на потенцијалните жртви, на донесеме специјални СОП-ви за постапување со деца –жртви на трговија и слично, потенцираше Националниот координатор Несторовска. Таа им се заблагодари за соработката на Советот на Европа, ИОМ, ИСМПД, ОПСЕ, ГИЗ, УНХЦР, Ла Страда, МАРИ, и сите други мегународни организации, и амбасади кои несебично помагале во оваа борба.

– Сите ние во текот на овие години, бевме свесни дека поинтензивното вклучување на вас новинарите во оваа борба може многу да помогне, меѓутоа за да се вклучите, вие мора да бидете добро информирани, кој прави и што прави, како се прави, зошто се прави, од што сме задоволни, од што не сме, кој треба да се вклучи, а кој да се исклучи и слично, рече таа.

Додаде оти преку истражувачкото новинарство, може да се откријат голем број на случаи на трговија со луѓе, од барови во кои девојки се присилени на проституција до агенции кои нудат лажни огласи за работа, договорни бракови, присилно питачење и слично.

Изминатава година, информира, идентификувани се четири женски деца жртви на трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и питачење, кои се тргувани внатре во рамките на државата, а се на возраст од 9 до 15 години. Исто така, идентификуван е маж во соседна земја, кој подолго време бил трудово експлоатиран.

Светлана Влаховиќ, Национален заменик координатор говорејќи за актуелната четврта по ред Стратегијата за борба против трговијата со луѓе и Акцискиот план, нагласи дека по направената надворешна евалуација се изработува нова, во која фокусот ќе виде ставен на прашањата во однос на пандемијата и на родово базирано насилство. Заложбите се и и за проширување на капацитетите за згрижување на жртвите на трговија со луѓе, приоритети е и зајакнување на независнсота и Националниот известувач како објективен коректор на работата на Националната комисија во рамки на Народниот правобранител, зголемува на бројот од сегашните чертири локални комисии, по примерот на Националната комисија и да се обучи кадар што ќе дејствува на локално ниво.

Љупчо Маркудов, Началник Нaционалнaта единица за сузбивање на трговијата со луѓе и илегалната миграција нагласи дека основна задача на единицата е да спроведува истраги, како и рано откривање и идентификување на жртви на трговија со луѓе, но и упатување и нивна заштита. Единицата меѓу другото води и финансиски истраги, како што рече, за да се обезбедат докази за тоа дека е сторено кривично дело. Имаме успех, оцени Маркудов, околу 20 жртви на трговија со луѓе се идентификувани, а преку 20 лица се кривично пријавени, меѓу нив во еден случј едно лице добило 17 години затвор, а второ и трет пријавените 14 години затвор, а сузбиени се повеќе криминални групи кои вршеле криумчарење мигранти.

– Она што е детектирано кај нас е недоволен број на сместувачки капацитети и искрено работиме да ги подобриме. Имаме случаи пример жртва која беше идентификувана и заштитена и на некој начин ресоцијализирана. Девојка заврши курс и тргна на работа, меѓутоа од кадешто потекнува од семејство со етички норми што не соодвествуваат со 21 век, девојчето доби закана од семејството дека ако продолжи со работата не може да се врати дома. Тоа девојче нема каде да се врати и ако ние не обезбедиме простории каде вакви лица би можеле да живеат и сами да се грижат за себе, бидејќи се полнолетни, овие лица се враќаат во фамилиите. Тие се ранливи категории. Постои реален ризик ова лице повторно да стане жртва на трговија со луѓе, појаснуваше Маркудов.

Судијата од Управниот суд Едита Насковска истакна дека  секогаш на новинарите им треба брз и точен одговор.

– Ние треба да ја градиме довербата меѓу новинарите и правосудството се во интерес да ја изградиме на повисок степен довербата на судството во очите на нашите граѓани, рече судијата Насковска.

Таа смета дека треба многу повеќе да се вклучи и соработката на МТСП.

– Во тие прифатни центри како се третираат жртвите. Апел кон тоа да почнеме да размислуваме за поширока соработка со инспекторите на трудот и со мобилните тимови на Министерството кон заштита на ранливите категории, бидејќи во пракса како судија која покрива таа материја се согледуваат недоречености и непочитување на човковите права, рече судијката Едита Насковска, додавајќи дека проблематиката со децата би требало да се подигне на поголем степен на превенција и борба против трговијата со луѓе.

Елена Петреска, од ICMPD говореше за Нацрт-прирачник за медиуми и трговија со луѓе, а за професијата наспроти популарноста – Сензационализмот наспроти професионализмот во третирањето на темите од областа на трговија со луѓе зборуваше Наташа Доковска од Здружението на новинари за човекови права. За пристапот кон податоци и заштита на лични податоци на жртвите на трговија со луѓе, говореше Елизабета Најдеска, новинар на МИА.