Корона во затвор и тоа на Алјаска: Прогласен карантин


Надлежните од сојузната американска држава Алјаска соопштија дека во затворот во градот Фербанкс заразени се 33 затвореници, меѓу кои и една жена.

Затворот прогласи карантин од 14 дена.

Останатите затвореници се тестираат на корона вирус, а резултатите се очекуваат до понеделник.

Затворениците со корона вирус се изолирани во одвоена единица на затворот.

Овој затвор го опслужува северниот дел на Алјаска и има затвореници од машки и женски пол, од кои некои издржуваат казна, а други чекаат судење.