Словенија во опасна зона – над 19 отсто позитивни на корона од вкупно тестираните

Во Словенија, уделот на позитивни резултати на коронавирус во вкупниот број тестирани примероци за првпат надмина 19 проценти, откако вирусот е потврден во 726 случаи од 3.765 тестови.

Ова значи дека бројот на активни случаи на Ковид-19 во Словенија во моментов е 6.651, додека вирусот од почетокот на пандемијата е потврден кај 13.151 лице.

Во последните 24 часа во Словенија од Ковид-19 починале уште три лица, со што вкупниот број на смртни случаи од оваа болест се зголеми на 187.

Четиринаесетдневната стапка на кумулативна инциденца на 100.000 луѓе достигна 317, за разлика од 290 претходниот ден.