Кризата ја опустоши Старата чаршија во Битола и го покори Широк Сокак


Во Старата чаршија се бројат дуќаните кои останаа да работат, а не оние што се затворени. Широк Сокак е на стаклени нозе, единствено угостителите некако преживуваат. Затворената граница со Грција е главна причина за кризата   Анета Блажевска БИТОЛА – Најтешките денови ги живее Битолската стара чаршија, а ковид кризата го покори и Широк Сокак. […]

Избори во Боливија: Триумф на партијата на протераниот Евро Моралес


Излезните анкети од претседателските избори покажуваат зачудувачко политичко враќање на левицата   Излезните анкети сугерираат дека левичарската партија на Ево Моралес направи неверојатен политички камбек на претседателските избори во Боливија, иако официјален резултат сè уште нема. Две приватни истражувања предвидоа дека Луис Арче, кандидатот на партијата на Моралес, Движење за социјализам (Мас), обезбеди повеќе од […]

Магазинот „Ролингстоун“ го поддржа Џо Бајден


Тој можеби не е најрокенрол фигура што некогаш се кандидирала за претседател во САД, но утрово Џо Бајден доби поддршка од магазинот „Ролингстоун“. Предупредувајќи дека „американскиот експеримент виси на конец на изборите во ноември“, во уредничкиот коментар пишува: „Во последните четири години живеевме под човек категорично неспособен да биде претседател. За среќа на Америка, Џо […]

Нови 161 заразени, 12 починати, 154 оздравени од Ковид-19


Во последните 24 часа се направени 771 тестирања, а регистрирани се 161 нов случај со Ковид-19, што изнесува 20 проценти: Скопје – 90, Куманово – 11, Штип – 2, Прилеп – 6, Тетово – 5, Велес – 4, Кавадарци – 2, Гостивар – 15, Струмица – 8, Крива Паланка – 1, Радовиш – 1, Кочани […]

Филипче: Функционерите треба да дадат пример за почитување на мерките


Кога од граѓаните бараме да се почитуваат мерките ние самите треба да сме првите коишто тоа го правиме со сопствен пример, порача министерот за здравство Венко Филипче, запрашан за коментар за градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ кој викендов направи свадбена церемонија во Косово. – Сметам дека ние сите коишто сме посебно на функции треба да […]

Србија во црвена зона – денеска 122 новозаразени


Во Србија денеска се забележани 122 нови слулчаи со Ковид-19, а починаа две лица. Тестирани се 5.746 лица, а 1.241.864 од почетокот на епидемијата. Во болница се лекуваат 408 лица, а 24 се на респиратор. Стапката на смртност е 2.14 отсто, а досега починаа 778 луѓе. Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола […]

Плацеви на Водно: Притвор за кумот на Груевски и одземен имот


Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му изрече мерка притвор во трање од 30 дена на осомничениот Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски, кој се товари за сторено кривично дело перење пари со кои се купувале плацеви на Водно, а Кривичниот суд го уважи и барањето на Обвинителството за определување […]

Д-р Далип Јахја назначен за раководител на Клиниката за ортопедија, д-р Виктор Камнар се повлече од функцијата


За раководител на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ е назначен д-р Далип Јахја, информира Министерството за здравство. Јахја е доктор од ЈЗУ Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).  Претходно денеска досегашниот директор д-р Виктор Камнар се повлече од раководната позиција поради лични причини. Тој на оваа функција […]

Дел од Скопје без вода, голем дефект спроти Олимпски базен


Поради голем дефект на булеварот „Кочо Рацин“ спроти Олимпскиот базен без вода или со намален доток на вода ќе бидат голем дел од корисниците на Скопје. Од „Водовод и канализација“ информираат дека без вода ќе бидат населбите Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци, Добри Дол, Драчево, Пинтија,Моране и Студеничани. Станува збор […]

(Фото) Нов памптрак велодром во Градскиот парк во Скопје


Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите од денеска можат да го користат новиот памптрак полигон во вториот дел од Градскиот парк, во непосредна близина на просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ и Сточарскиот институт. Ова е втор памптрак изграден во Скопје, првата ваква адреналинска патека лани беше оформена на просторот пред Олимпискиот базен. „Овој проект […]

Со ЕУ ќе преговараме и за паметна специјализација на економијата


Еден од основните предизвици на секоја национална економија е како до поголем економски раст и како да се искористат потенцијалите и конкурентните предности на сите чинители во економијата. Европската унија веќе одамна го воведе концептот Паметна специјализација. Во Земјите од Западен Балкан во моментот се одвива процес на дефинирање на концептот Паметна специјализација, истакна денес […]

Пендаровски: Никој разумен не може да се откаже од јазикот


Претседателот Стево Пендаровски денеска уште еднаш изјави дека македонскиот народ не може да се откаже од својот јазик без оглед какви биле притисоците. Во рамките на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ тој рече дека „научните аргументи и вистината се на наша страна и од нив никој разумен не може да се […]

Филипче: Ако овој пакет мерки не даде резултат, следува полициски час


Комисијата за заразни болести на Владата ќе ѝ предложи сите економски оператори да имаат крај на работното време во 23 часот односно, еден час пред полноќ сè ќе мора да биде затворено. Покрај оваа мерка, Владата ќе предложи и 50 отсто намалување на капацитетите во јавниот превоз, како и задолжително носење маски на отворено. Поради […]

Влада: Предлог за дефиниција на идентитетската припадност на Гоце Делечев нема, тврдењата на Милошоски груба шпекулација


Владата на Република Северна Македонија категорично ја оценува како невистина и ја отфрла шпекулацијата на пратеникот Антонио Милошоски за наводни предлози за дефиниција за идентитетската припадност на Гоце Делчев на кои би требало да се согласат премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов. -Таков предлог не постои, ниту бил предмет на дискусија, а изнесеното тврдење на […]

Шилегов: Личното поведение во автобусите на ЈСП е најважно


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска соопшти дека бројот на превезени патници во градските автобуси е намален од преку 62 проценти во однос на лани. Тој нагласи дека во автобусите се почитува мерката за исполнетост на капацитетот до 75 проценти. – Кога ќе го погледнете бројот на валидирани билети ќе видите дека бројот на […]

МЕПСО инвестираше 650 илјади евра за реконструкција на трафостаницата Струмица 2


Приоритет на АД МЕПСО е да обезбеди непрекинато снабдување со квалитетна електрична енергија на сите корисници на електропреносната мрежа и доверливо и сигурно работење на елетропреносниот систем. За остварување на оваа цел потребно е перманентно инвестирање во опремата во трафостаниците и далекуводите, порача генералната директорка Ева Шуклева по извршениот увид во реконструкција на трафостаницата „Струмица […]

Рускоска побара притвор за кумот на поранешниот премиер Груевски


Обвинителката Вилма Русковска денеска од судијата на претходна постапка од Кривичниот суд во Скопје побарала притвор и замрзнување на имотот за осомничениот Ристо Новачевски кој се товари за сторено кривично дело перење пари со кои се купувале плацеви на Водно. -Истрагата се работела подолг временски период и е започната во поранешното СЈО, апоследните неколкумесеци се […]

За да немате дилема дали имате обичен грип или коронавирус: Редоследот по кој се појавуваат 4-те најважни симптоми е клучен!


Истражувањето спроведено на Универзитетот во Јужна Калифорнија покажа дека симптомите на коронавирус многу често се појавуваат во „јасно дефиниран“ редослед. Ова откритие може да им помогне на пациентите да разликуваат коронавирус и грип, да се изолираат на време и да започнат со третман. „Важно е да се знае ова во време кога циклусите на болести […]

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот иста


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59, а ЕУРОСУПЕР БС-98  ќе се продава за […]