Филипче: Функционерите треба да дадат пример за почитување на мерките


Кога од граѓаните бараме да се почитуваат мерките ние самите треба да сме првите коишто тоа го правиме со сопствен пример, порача министерот за здравство Венко Филипче, запрашан за коментар за градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ кој викендов направи свадбена церемонија во Косово.

– Сметам дека ние сите коишто сме посебно на функции треба да дадеме пример со сопственото однесување како треба да се прави. Не е работата да се направи трик на системот. Точно е дека не се прекршени препораките и законите во нашата земја, меѓутоа ние сме првите, посебно функционерите коишто треба да покажеме на граѓаните како се почитуваат мерките, посебно што и од граѓаните го бараме сето тоа и кажуваме дека имаме проблем и со пациенти и со новодијагностицирани во болници токму таму кај што не се почитуваат мерките. Апсолутно го осудувам, министерот за здравство Филипче.