Избори во Боливија: Триумф на партијата на протераниот Евро Моралес

Луис Арче (во средината) со неговиот кандидат за потпретседател Давид Чокехуанча (десно) во понеделникот наутро (Фото: АФП)

Излезните анкети од претседателските избори покажуваат зачудувачко политичко враќање на левицата

 

Излезните анкети сугерираат дека левичарската партија на Ево Моралес направи неверојатен политички камбек на претседателските избори во Боливија, иако официјален резултат сè уште нема.

Две приватни истражувања предвидоа дека Луис Арче, кандидатот на партијата на Моралес, Движење за социјализам (Мас), обезбеди повеќе од 50 отсто од гласовите на изборите во неделата, а неговиот најблизок ривал, центристичкиот поранешен претседател Карлос Меса, доби околу 30 проценти.

Арче, поранешен министер за финансии за времето на Моралес, објави победа доцна во ноќта во Ла Паз. „Ние ја повративме демократијата и пред сѐ ја вративме надежта“, рече 57-годишниот економист образован во Велика Британија, пошироко познат како Лучо.

Арче вети дека ќе стави крај на неизвесноста што ја мачи неговата горко поделена нација од октомври 2019 година, кога жестоко спорните тврдења за местење на гласови против неговата партија резултираа со масовни улични протести, претседателските избори беа поништени и Моралес беше принуден од безбедносните сили да ја напушти земјата во она што неговите приврзаници го нарекуваат расистички државен удар на десницата.

„Ние ќе управуваме за сите Боливијци… ќе донесеме единство во нашата земја“, рече Арче. Славенички огномет одекнуваше околу Ла Паз, како што се раширија вестите за  победата.

Моралес, кој се бореше за изборната реприза и покрај тоа што живееше во егзил во Аргентина, ја поздрави „убедливата победа“ на неговата партија. „Сестри и браќа: волјата на луѓето преовладува“, објави на Твитер првиот домороден претседател на Боливија, клучен член на левата розова плима во Латинска Америка, кој владееше од 2006 година до неговиот драматичен пад минатата година.

Дури и непријателот на Моралес, привремената претседателка од десницата, Жанин Ањез, призна дека левицата однела победа. „Сè уште немаме официјални резултатит, но податоците со кои располагаме покажуваат дека г-дин Арче победи на изборите. Им честитам на победниците и ги замолувам да управуваат со мисли за Боливија и за демократијата“, објави на Ањез на Твитер.

Доколку биде потврдена, победата би претставувала сензационален политички камбек за партијата Мас, кој се тетеравеше минатата година кога нејзиниот лидер беше принуден да ја напушти земјата откако се обиде да обезбеди невиден четврти мандат како претседател.

„Ова е враќање на оној мандат што го имаа кога Ево беше првпат избран во 2005 година“, рече Џим Шулц, основач на Боливискиот центар за демократија.

За конзервативната привремена влада на Ањез во заминување, која ја презеде власта по протерувањето на Моралес, тоа беше убедлив удар. „Тоа ни кажува дека десницата во Боливија нема широка политичка поддршка – дури ни близу“, рече Шулц.

„Десницата доби шанса да управува и докажа дека е заинтересирана само за сопствената моќ и за себе и дека ги презира автохтоните и сиромашните во земјата. Тие демонстрираа дека со тоа што се преправаат дека имаат легитимитет каков што немаат, надгледувајќи ги вистинските кршења на човековите права и неказнивоста и дека се неспособни и корумпирани во нивното управување. И луѓето не го прифатија тоа“.

Противниците на Мас тврдат дека Арче е од кукла во рацете на поранешниот претседател на Боливија, за кого се сомневаат дека сега ќе бара да се врати дома. Но, Арче се обиде јавно да се дистанцира од Моралес за време на кампањата. (Гардијан)