Србија во црвена зона – денеска 122 новозаразени


Во Србија денеска се забележани 122 нови слулчаи со Ковид-19, а починаа две лица.

Тестирани се 5.746 лица, а 1.241.864 од почетокот на епидемијата.

Во болница се лекуваат 408 лица, а 24 се на респиратор.

Стапката на смртност е 2.14 отсто, а досега починаа 778 луѓе.

Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Србија во последните 14 дена има 30 заразени на 100.000 жители, што значи официјално влезе во црвена корона-зона.

Според тие параметри, зелена е онаа змеја која има помалку од 15 заразени на 100.000 жители, жолта 15-30, црвена 30-50, а над тоа виолетова зона.

Со оглед на тоа што Кризниот штаб очекува зголемен број новозаразени во следниот период, Србија може да влезе и во вилетова фаза, пишува „Блиц“.

Според овие параметри се одредува дали ЕУ ќе дозволи влез во таа земја или нејзини граѓани да можат да заминат во европски земји.