Градот чека пари од државниот буџет за реконструкција на Универзална сала


Градот Скопје беше прва локална самоуправа во Европа која реализираше проект „Култура во време на корона“, рече градоначалникот Петре Шилегов, додавајќи дека од една страна проектот бил финансиска поддршка за културните работници кои немаат некаков формален работен однос со институција, а од друга страна им се овозможиле забавни содржини на граѓаните во време на забрана […]

Во Босна и Херцеговина близу 2.000 новозаболени, починаа 21 пациент


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина направени се 4.367 тестирања, а регистрирани се 1.903 нови случаи со корона вирус, што е највисок број доосега. Во истиот период починале 21 пациент со Ковид-19. Во Федерацијата пријавенис е 2.896 примероци, а позитивни биле 1.219. Досега тестирани се вкупно 201.479 примероци, а корона вирусот е […]

Србија повторно со повеќе од 1.000 заразени, починаа шест пациенти


  Според последните информации во Србија потврдени се 1.384 случаи на заразени со Ковид-19, а починаа шест пациенти. Од последниот извештај тестирани се 9.457 примероци. Вкупно се тестирани 1.318.096 лица. Во болниците на респиратори се 44 пациенти. Вкупно досега починаа 809 пациенти.

Пауновски: Терасите на кафеаните ќе работат како досега сè додека не се донесат нови протоколи


Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски денеска изјави дека кафеанските тераси, кои поради ниските температури се затворени, ќе работат како и досега се додека не се донесат нови протоколи од Комисијата за заразни болести. -Државниот пазарен инспекторат како институција врши контролирање на спроведувањето и почитувањето на протоколите. Со досегашните протоколи, донесени од Комисијата за […]

Советот за безбедност ќе расправа за аерозагадувањето


Претседателот на државата Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност најави дека до крајот на годинава ќе се организира дебата за аерозагадувањето, во присуство на сите членови на Советот за безбедност, плус други лица надвор од постојаниот состав, бидејќи е неспорна релацијата меѓу аерозагадувањето и пандемијата. – Ќе видиме што во тој момент […]

Меркел се огласи на Твитер по нападот во Ница: Германија е со Франција


Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека Германија застанала на страната на Франција по бруталниот напад со нож во кој загинаа три лица во близина на црква во Ница. „Длабоко сум потресена од бруталното убиство во црква во Ница. Моите мисли се со семејствата на убиените и повредените. Германија застана на страната на Франција во овие […]

Д-р Жарко Караџовски ја доби наградата „13 Ноември“ за заслуги во здравството


Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, вчера по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на ова признание за 2020 година. Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2020 година се: Од областа на публицистиката 1.ТОНИ ДИМКОВ – новинар, уредник на „Културен печат“ -за професионална посветеност и публикување на […]

Акција „Дрво на пријателството“ во главните градови од регионот


Европскиот фонд за Балканот ја почна кампањата „Дрво на пријателството“, која предвидува засадување 400 дрвја во сите престолнини на земјите во регионот. Дрвата ќе бидат засадени истовремено утре (30 октомври) во Скопје, Белград, Приштина, Тирана, Подгорица и во Сараево. Најавена е волонтерска и логистичка поддршка од голем број локални партнери, од здруженијата „Право на град“, […]

Ереван пријави нови напади од страна на Азербејџан во Нагорно-Карабах


Ерменските власти денеска соопштија дека азербејџанските безбедносни сили извршија воздушен напад врз градот Мартакерт, северно Нагорно-Карабах. Претходно, Владата на Ерменије соопшти дела биле гранатирани градовите Степанакерт, Шуши и Мартакерт со ракетниот систем Смерч. Во текот на изминатата ноќ, азербејџанските сили извршиле пет напади врз главниот град на Нагорно-Карабах, Степанакерт. Во меѓувреме, ерменското Министерство за одбрана […]

Австрија со рекордни 4.453 заразени, починаа 29 пациенти


Денеска во Австрија беше поставен нов рекорден број на нови случаи на корона вирус, бидејќи во последните 24 часа се регистрирани 4.453 нови инфекции. Исто така забележан е најголем број смртни случаи на дневно ниво – починале 29 лица, така што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.056. Од почетокот на епидемијата во Австрија, 94.904 […]

Пендаровски: За идентитетот немало ниту ќе има преговори


„Преговори за идентитетот на македонскиот народ немало ни во време на преговорите за Преспанскиот договор. Од тие позиции нема да отстапиме“, рече претседателот Пендаровски   Околу пишувањето на „Политико“ дека Бугарија понудила компромис да го признае македонскиот јазик и народ, а за возврат Македонија да признае бугарски историски корени, претседателот Стево Пендаровски по седницата на […]

Филипче: Никој нема да остане без лекарска заштита


Претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност  апелираше да се почитуваат сите мерки за заштита од корона вирусот, зошто ситуацијата, како што рече, е исклучително сериозна, човечките и материјални ресурси се искористени до максимум и во отсуство на вакцина или лек нема друга алтернатива. Тој  нагласи дека сите корисни предлози во справување со […]

Филипче: Нема значајна компликација на здравствената состојба на Спасовски


Нема некоја значајна компликација на здравствената состојба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој со Ковид-19 е хоспитализиран на Инфективната клиника. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче по седницата на Советот за безбедност. – Спасовски е хоспитализиран од вчера. Неговата здравствена состојба е стабилна, има зголемена телесна температура, меѓутоа нема некоја […]

Брестовац го објави списокот на ракометари повикани за средбите со Финска и Швајцарија


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац денес го објави списокот со повикани ракометари за собир за претстојните натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија. Двете средби се квалификациски за Европското првенство 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка. На списокот на Брестовац се најдоа 19 ракометари: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, […]

Исплатени 77 отсто од заштедите во Еуростандард банка покриени од Фондот за депозити


До денеска се исплатени вкупно 3,2 милјарди денари за обештетување на депонентите од „Еуростандард банка“ која е во стечај. Од Фондот за осигурување на депозити информираа дека тоа е близу 77 проценти од вкупните средства упатени до четирите банки преку кои се врши исплатата на обештетувањето. До денес се исплатени и близу 10 милиони денари […]

Саудиска Арабија: чувар на францускиот конзулат во Џеда ранет со нож


Саудиец е уапсен откако со нож го прободел чуварот на францускиот конзулат во Џеда, град во западна Саудиска Арабија, соопштија официјални саудиски медиуми и француската амбасада во таа земја, јави дописникот на МИА. „Напаѓачот беше уапсен од саудиските сили на редот веднаш по нападот. Чуварот е пренесен во болница и неговиот живот не е во […]

Влада: Ажурирани протоколите за заштита од Ковид-19


Протоколите што ги опфаќаат мерките и препораките за заштита и превенција од Ковид-19, согласно одлуките на Владата на Република Северна Македонија, се дополнети и ажурирани со последните усвоени измени и дополнувања со кои се регулираат повеќе области. Како што соопшти владината прес-служба, ажурираните протоколи кои произлегуваат од Планот за намалување и спречување на ширење на […]

Власта ја кочи редовната работа и процесите во Собранието, обвинува ВМРО-ДПМНЕ


Пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека како резултат на коалициско несогласување помеѓу СДСМ, БЕСА и ДУИ не се избрани составите на клучни органи во Собранието и оти со тоа власта ја кочи редовната работа и процесите во законодавниот дом. -Поминаа веќе три месеци откако Собранието на Република Македонија започна со работа, а сеуште се […]

Минатата година над 21.800 албански граѓани станале италијански државјани, а за 11 години – над 210 илјади


Италијанско државјанство минатата година добиле околу 127.000 странци, меѓу нив 21.841 албански емигранти. Според бројот на добиени италијански државјанства, албанските граѓани се на прво место меѓу странските заедници во Италија, по што следуваат оние од Мароко со 15.496, па од Бразил 10.660. Според последниот официјален извештај на италијанските власти во оваа земја живеат 440.854 албански […]

Ана Брнабиќ ќе живее во вилата на Јованка Броз


Српската премиерка Ана Брнабиќ може да започне да ја користи вилата во Белград каде со децении живееше вдовицата на Јосип Броз Тито, Јованка Броз. Како што јави дописникот на МИА од Белград, со декрет на Владата, вилата во улицата Кнез Александар Караѓоре на Дедиње ставена е во објектите за репрезентативни потреби на Република Србија. Одлуката […]