Спасовски хоспитализиран на Инфективна клиника


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е примен на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје поради висока температура, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи. Од МВР истакнаа дека здравствената состојба на министерот е стабилна. Имено, Спасовски на неговиот фејсбук-профил во понеделникот соопшти дека е позитивен на Ковид-19. – […]

Џафери: Да го донесеме светот тука, а не да ни заминат младите во светот


Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска се обрати на работната средба за пратеници „Вовед во улога и функција на Клубот за младински прашања и политики“, на која треба да се основа новиот Клуб за младински прашања и политики на овој парламентарен состав. Овој настан, рече Џафери, е всушност почеток на продолжението на една иницијатива која […]

Бислимоски: Ранливите категории граѓани не смеат да бидат исклучени за неплатени фактури за струја во декември, јануари и февруари


Ранливите категории на граѓани не смеат да бидат исклучени од системот на електрична енергија во декември, јануари и февруари поради неплатени фактури, истакна денеска повторно претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски на состанокот со енергетските компании. Тој уште еднаш повтори дека граѓаните од ранливите категории доколку имаат доспеан долг, имаат можност […]

Нова едиција за деца со ликовите на Стела и Сани


Издавачки центар ТРИ со задоволство ја претставува новата едиција книги за деца „Стела и Сани“, ликови создадени за да им бидат најдобри другарчиња на децата со кои ќе можат да споделуваат идеи и приказни, да учат букви и многу нови нешта за светот. Овие неодоливи ликови, со кои децата имаа можност да се запознаат преку […]

За неносење заштитна маска на отворено казна од 20 евра


Носењето лична заштита на лицето станува задолжително за граѓаните со новите измени на Законот за заштита на населението од заразни болест, што синоќа ги усвои Собраните. Оваа мерка ќе важи за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори како државни […]

Во учебниците нема место за стереотипи и дискриминација, вели Царовска


Министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска присуствуваше на презентација на резултатите од последната HBSCM студија – „Однесувања поврзани со здравјето кај адолесцентите на училишна возраст во Северна Македонија”, изработена од Коалицијата Маргини. Како што информира МОН, на презентацијата се зборуваше како стереотипите и дискриминацијата во содржините на учебниците влијаат врз однесувањето на младите, […]

Вицегувернерката Нацевска: Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција


Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција – на високо ниво и постојано се во сигурната зона. На крајот на септември изнесуваат 3 милијарди и 480 милиони евра, што е повеќе за близу 400 милиони евра во споредба со крајот на февруари, пред почетокот на ковид-кризата во нашата земја. Но, не […]

Во Белград пристигнаа донираните руски тенкови


Авиони со донираните тенкови од Русија почнаа да слетуваат на аеродромот Батајница во Белград. Руската Федерација и донираше на Србија 30 тенкови Т-72МС на Србија, а првите се веќе испорачани. Како што изјави поранешниот министер за одбрана, Александар Вулин, Србија тенковите Т-72 ги доби како донација во рамките на воено-техничкиот договор постигнат меѓу претседателите Александар […]

Мас: Одливот на мозоци – проблем во земјите од Западен Балкан


Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас рече дека одливот на мозоци е проблем во земјите од Западен Балкан, поради што предложи реформи и вети поддршка од Европската унија. На отворањето на конференцијата „Младите, миграцијата и демографските предизвици на Западен Балкан“ вчера во Берлин, Мас истакна дека Европа не е против миграцијата, но дека е […]

Локален дожд и мал пад на температурите најавуваат од УХМР


Повремен дожд во северните делови од земјата и мало опаѓање на температурите најавуваат од УХМР за утрешниот ден. Во утринските часови во северните делови ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието, што ќе предизвика опаѓање на дневната температура. Потоа во следните денови времето ќе биде сончево со […]

Состојбата во градинките е се уште под контрола, вели министерката Шахпаска


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вели дека состојбата во градинките се уште е под контрола и оти во нив се почитуваат протоколите за работа. Големиот број изолирани, вели таа, се должи на тоа што само еден позитивен негувател или воспитувач во изолација носи цела група од најмалку 15 деца и негов колега […]

Д-р Стојанов: Ќе биде направена епидемиолошка анкета на пратеничката Славјанка Петровска, минимална е можноста да се заразиле пратеници


Ќе биде направена епидемиолошка анкета на пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ, која вчера на својот фејсбук-профил објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа ќе ни каже, можеби не во Собрание, можеби дома или на друго место имала ризичен контакт. Ова денеска за МИА го изјави директорот на Центарот за јавно здравје, Александар Стојанов. Петровска на […]

Пет милиони евра од ЕУ и речиси милион евра национално кофинансирање за проекти во општините


Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир денеска го означија почетокот на повикот за предлог-проекти „ЕУ за општините“. Средства во висина од пет милиони евра обезбедува Европска Унија, а дополнителните средства за […]

АЕК ќе спроведува меѓународна физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето


Агенцијата за електронски комуникации наскоро ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето како основ за натамошните чекори кои ќе се преземат, врзани за развој на 5G мрежата во земјава. Се очекува за изработка на ова сериозно истражување да се пријават […]

Тајван 200 дена без локална трансмисија на КОВИД-19, властите благодарни што граѓаните постојано носат маска


Во Тајван не се пријавени домашни случаи на пренесување на коронавирусот веќе 200 дена, а владата укажува на постојан успех на островот во одржувањето на вирусот под контрола, дури и кога расте бројот на пациенти во другите делови на светот. Тајванскиот центар за контрола на болести (ЦДЦ) последен пат информираше за домашен случај на инфекција […]

ССК и Занаетчиската комора здружено ќе настапуваат за подобрување на бизнис условите


Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска и претседателот на Занаетчиската комора, Агрон Фазлији потпишаа Договор за соработка чија цел е вложување заеднички напори за реализација на политиките неопходни за унапредување на занаетчиската дејност и креирање поволно деловно опкружување за целото стопанство. – Сојузот се залага за обезбедување услови за работа […]

Секоја година околу 150 лица го губат животот во сообраќајки, а околу 6.000 се повредени


Засилените сообраќајни контроли од страна на сообраќајната полиција во изминатите неколку месеци покажуваат дека дисциплината и одговорноста кај учесниците во сообраќајот се уште не се на потребното ниво. За жал, полициските билтени и медиумите секојдневно известуваат за голем број санкционирани возачи поради управување на моторно возило под дејство на алкохол, управување на моторно возило без […]

Во вториот квартал имало 120.214 помалку претплатници во мобилната телефонија


Заклучно со вториот квартал годинава во државава имало 1.777.194 активни претплатници во мобилната телефонија. Од нив 259.463 се деловни постпејд линии, додека кај резиденцијалните 851.325 претплатници се постпејд, а 666.406 припејд. Во однос на првиот квартал годинава бројот на претплатници во мобилната телефонија е намален за 120.214, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации […]

Волстрит потона повеќе од 3 проценти поради стравот од нови ограничувања


На Волстрит во средата, цените на акциите паднаа нагло, трет ден по ред, поради стравот дека големиот раст на бројот на пациенти со корона вирус ќе доведе до сериозни ограничувачки мерки, а со тоа и ќе го забави закрепнувањето на светската економија. Индексот Дау Џонс потона 943 поени или 3,43 проценти на 26.519 поени, што […]