Спасовски хоспитализиран на Инфективна клиника

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е примен на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје поради висока температура, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР истакнаа дека здравствената состојба на министерот е стабилна.

Имено, Спасовски на неговиот фејсбук-профил во понеделникот соопшти дека е позитивен на Ковид-19.

– Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.  Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација, наведе министерот на Фејсбук.