Инспекторите ќе можат да затвораат објекти, но и да изрекуваат глоби до 30.000 евра


Поголеми овластувања добиваат инспекциските служби за да се влијае на намалување на ширење на коронавирусот. Ова го овозможуваат измените што ги усвои Владата на седница на Законот за заштита на население од заразни болести. Усвоените измени ги опфаќаат и висината на глобата на прекршителите, кои ќе варираат зависно од големината на правниот субјект. Со овие […]

Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 2.892, најмногу се во Скопје – 1.166


Нови, досега рекордни кај нас, 317 случаи со Ковид-19 од 1.990 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа.  Во болнички услови починати се четири пациенти и тоа еден од Скопје (59 г.), еден од Струга (65 г.), и двајца од Гостивар (71 г. и 76 г.). Регистрирани се […]

Филхармонија со концерт „Поле за игра“ и настап на казахстанската виолинистка Мусахоџаева


Оркестарот на Филхармонијата вечер ќе одржи концерт насловен „Поле за игра“ на кој како солист ќе настапи виолинистката Ајман Мусахоџаева од Казахстан. Диригент е Сашо Татарчевски, а на програмата се концертот за виолина и оркестар од Менделсон и Симфонијата број 96 „Чудо“ од Хајдн. Виолинистката Мусахоџаева, како што информираат од Филхармонијата, е на листата на […]

Облачно со повремен дожд и засилен ветер


Времето претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намалува. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во Пелагонија, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 8 до 17 степени, а дневната од 13 до 21 степен. […]

Трамп: „Вирусот беше благослов од господ“


Претседателот на САД, Доналд Трамп, се врати во Овалниот кабинет, помалку од една недела откако објави дека има позитивен тест за Ковид-19. Претседателот се уште може да биде заразен, а вработените во Белата куќа кои доаѓаат во близина на претседателот мора да носат целосна опрема за лична заштита. Портпарол на Белата куќа го потврди враќањето […]

Во моментов се разговара за 3 милијарди странски инвестиции, вели Заев


Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека во моментов се преговара за три милијарди странски инвестиции, но дека тој би бил среќен да се оствари и 10 отсто од нив – што значи 300 милиони евра. Тоа би било 2,7 отсто од БДП, рече Заев во гостувањето во емисијата „кономски магазин“ на Алсат. За него е […]

Франција и Германија го заоструваат ставот: побараа санкции од ЕУ за Русија околу труењето на Навални


Франција и Германија во средата соопштија дека ќе предложат санкции на Европската унија против руски лица, откако не добија веродостојни одговори од Москва во врска со труењето на критичарот на Кремљ Алексеј Навални со нервен агенс. Неколку западни влади изјавија дека Русија, која ги негираше обвинувањата на Навални дека учествувала во неговото труење со во […]

Второоделенец од Подареш позитивен на Ковид-19, соучениците во изолација


Седумгодишен ученик од второ одделение од основното училиште „Коста Рацин“ во радовишкото село Подареш е позитивен на Kовид-19. Десетина деца од неговата паралелка ќе бидат ставени во изолација, објави Сител. Директорката на Центарот за јавно здравје во Штип, Марија Димитрова ја потврди информацијата. „Останатите ученици од прво и од трето одделение, кои посетуваат настава во […]

Д-р Пановски предупреди дека бројките може да одат и над 1.000 случаи дневно


Доктор Никола Пановски вечерва за Канал 5 напомена дека воопшто не би требало да не чуди ако бројките на новозаразени се искачат и над 1.000 случаи на дневно ниво. Тој додаде дека ако се продолжи со непочитување на мерките, ќе треба да се размисли за повторно воведување на полициски час и останати забрани за движење. […]

Османи: Прашањата за државните атрибути се решени со Договорот за добрососедство и со Преспанскиот договор


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој во петок ќе престојува во Софија и ќе се сретне со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, во однос на ставовите на Софија за идентитетските прашања вечерва изјави дека нашата позиција е оти преговарачката рамка не треба да биде платформа за решавање на билатералните прашања, бидејќи за тоа постои […]

Светска банка: Во екстремна сиромаштија може да потпаднат 150 милиони луѓе


Светска банка денеска соопшти дека поради пандемијата на коронавирус 150 милиони луѓе може да потпаднат во екстремна сиромаштија до крајот на 2021 година, со што ќе се поништи напредокот во намалувањето на сиромаштијата во последните три години. Банката во својот двегодишен извештај за сиромаштијата и заедничкиот просперитет наведе дека меѓу 88 и 115 милиони луѓе […]

Потпишан Договор за фитосанитарна соработка со Албанија за непречена размена на земјоделски производи


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и министерот на Република Албанија Бледи Чучи го потпиша Договорот за фитосанитарна соработка. Со овој договор, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Северна Македонија и Албанија прават чекор напред во соработката меѓу двете земји во поле на размена на земјоделски производи. Министерот Арјанит Хоџа […]

Трамп го нарече Бајден „лудак“


Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој заостанува во анкетите на помалку од еден месец пред претседателските избори во САД, денеска го нарече „лудак“ својот противкандидат, демократот Џозеф Бајден. „Тој е луд со години и тоа го знаат сите“, објави Трамп на Твитер, додавајќи дека „медиумите се чувствуваат непријатно со него, а потоа се обидуваат да […]

Кавани може да дебитира против ПСЖ


Новото засилување на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани нема да може да дебитира за „црвените ѓаволи“ на следниот натпревар во лигата, на кој тимот гостува кај Њукасл. Причината за ова е што Уругваецот нема да може да избега од задолжителниот карантин од 14 дена на кој се подложени оние што влегуваат од Франција во Велика Британија. […]

Европарламентарците ја потврдија мини-реконструкцијата на Европската комисија


Европскиот парламент на пленарната седница во Брисел ја потврди мини-реконструкцијата на составот на Европската комисија поради заминувањето на ирскиот комесар Фил Хоган. Комесарот за трговија Хоган беше принуден да поднесе оставка на крајот на август поради кршење на епидемиолошките мерки што се во сила во Ирска, воведени за борба против коронавирусот. Неговиот ресор – трговија […]

Бројот на заразени од корона вирусот надмина 36 милиони лица, починаа над еден милион


Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 36.166.237 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.056.504 пациенти, а оздравеле 27.223.993 луѓе. Софија – Рекорден број нови случаи на коронавирус – 436 се регистрирани во Бугарија во последните 24 часа, а уште осум починаа, според официјалните податоци. Од почетокот на пандемијата, заразени се 22.306 лица, […]

Под истрага 13 лица за даночно затајување, за пет лица предложени мерки на претпазливост


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица за кривични дела даночно затајување и злоупотреба на службената положба и овластување. Имено, за две лица истрага е поведена за кривично дело – Даночно затајување од член 279 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, петмина се осомничени за […]

Аеродром и Центар со повеќе од 200 активни случаи


Со денешните рекордни 317 новодијагностицирани со Ковид-19, бројот на активни случаи во главниот град се искачи на 1.166. Од нив најголем дел се во Центар 21о, а веднаш зад него е Аеродром со 208 активни случаи. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини […]

Фуере: Заканите од Бугарија треба да ја загрижат ЕУ


Поранешниот амбасадор на ЕУ Ерван Фуере, во изјава за МИА вели дека заканите за блокирање на преговарачкиот процес со ЕУ од страна на Бугарија треба да ја загрижи Европската унија. Како што јави дописничката на МИА од Брисел по објавувањето на извештајот за реформскиот напредок на Македонија и другите земји од регионот, поранешниот ЕУ амбасадор […]

Њујорк Тајмс: Колку би ги чинел третманот на Трамп за коронавирус повеќето Американци


САД– Весникот „Њујорк Тајмс“ објави напис  „Колку би ги чинело повеќето Американци лекувањето за коронавирус ако беа третирани како американскиот претседател Доналд Трамп“. Ова е дел од истрагата на американскиот весник за трошоците за тестирање и третман на коронавирус во земјата, како и за тоа како пандемијата ја менува здравствената заштита во САД. Трамп помина […]