Синдикатот бара мораториум на кредитите за невработените


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска повторно побара да се ослободат од плаќање на режиски трошоци за струја и вода сите кои останале без работа по кој  било основ. Од КСС бараат и дополнителни шест месеци мораториум за кредитите за сите работници кои не се во можност да започнат со исплаќање на ратите на кредитите. – […]

Угостителите сакаат применливи решенија за да ги намалат загубите


Независната угостителска комора бара преку дијалог со надлежните институции да се носат одлуки и решенија кои ќе бидат применливи за да може да работат и да ги намалат загубите предизвикани од пандемијата. Проценките на Комората се дека годината ќе ја завршат едвај со третина од приходите, неминовна ќе биде и рационализација на вработените. – Проблемот […]

(Во живо) Нова катастрофа во Бејрут, горат гуми и нафта


Црн чад се гледа над Бејрут, само еден месец по стравичната експлозија во која загинаа повеќе од 200 лица. Во главниот град на Либан, повторно во близина на пристаништето избувнал голем пожар.   Според соопштението од либанската армија, гори склад во кој се наоѓаат гуми и нафта. Причините за пожарот засега не се познати. Нема […]

Фајнанс тинк: Да се помогнат секторите и компаниите кои ќе го придвижат растот


Фајнанс тинк препорачува да се води сметка за предизвиците кои значат справување со ковид кризата и во престојниот ребаланс на Буџетот да се алоцираат средства токму во тие пунктови и сектори каде е потребно да се инвестираат дополнителни средства, како и да се идентификуваат делови кои може да влијаат на развојот и да имаат поглем […]

Хрватска со 291 новозаразен, се појавуваат жаришта во градинки и училишта


  Во последните 24 часа во Хрватска пријавени се нови 291 случај со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 2.567. Последното деноноќие тестирани се 4.118 лица. Починале двајца пациенти, а 320 се на болничко лекување. До денеска во Хрватска има 12.917 заразени, од кои починаа 208, а 10.142 оздравеа. Во една градинка во […]

Постигнат договор помеѓу парламентарните партии за распределба на комисиите во Собранието


Најверојатно утре ќе заседава собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата со која претседава пратеникот Костадин Костадинов, од СДСМ и на која на дневен ред ќе биде составот на парламентарните комисии. Костадинов за МИА потврди дека пратениците во Собранието постигнале договор за тоа која пратеничка група со која комисија ќе претседава. Пратениците од СДСМ […]

Од следната недела урбанизација според нов Правилник


Изготвен е Правилникот за урбанистичко планирање и ќе биде ставен во функција идната недела. Со тоа се овозможува примена на новиот Закон за урбанистичко и просторно планирање, изгласан лани во декември, а којшто треба да го унапреди планирањето на просторот и да го поттикне градежништвото. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ги претстави […]

Приоритет е создавање квалитетен образовен систем


Развој на квалитетно образование достапно на сите, образование кое ќе создава граѓани кои ќе размислуваат логички и критички и ќе донесуваат заклучоци базирани на факти и анализи, подобрување на оценките не меѓународните тестирање, образован процес по чие завршување младите ќе можат да се вклучат на пазарот на труд се приоритети во идното работење на Министерството […]

Продолжува засилената комуникација со Бугарија, низ дијалог чија основа е взаемно почитување


Република Северна Македонија како и досега, ќе продолжи со засилена комуникација и консултација на политичко ниво со Република Бугарија и со сите релевантни чинители во ЕУ контекст, при што клучната порака ќе биде дека беше започнат исклучително важен и сложен процес на дијалог кој претполага зближување и градење пријателство, низ заемно почитување, како две соседни […]

Одложено судењето на Асанж, адвокат бил изложен на Ковид-19


Рочиштето за екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, закажано за денеска, е одложено поради стравување дека еден од адвокатите вклучени во судењето бил изложен на коронавирусот. Судијката Ванеса Бараитсер го одложи судењето за в понеделник, откако дозна дека еден од адвокатите што ги застапуваат САД во случајот бил изложен на вирусот. Адвокатот е тестиран, […]

Потребите на бизнисот големи, колкави се можностите на државата за поддршка


Приватниот сектор е двигателот на економијата и без да му се помогне со квалитетни финансиски мерки земјата нема да може да постигне никаков раст ниту развој во наредните години, укажуваат од Сојузот на стопански комори Средбата која што денес се одржа помеѓу првите луѓе во Сојузот на стопански комори и министерот за економија Крешник Бектеши […]

Над 300 матуранти од земјата и регионот добија стипендии од Меѓународниот балкански универзитет


Над 300 матуранти од земјава и од балканскиот регион добија стипендии од Програмата за стипендии при Меѓународниот балкански универзитет. Учениците кои се прогласени за најдобри во генерација, што се докажува со потврда од средното училиште, добиваат целосна стипендија и ќе бидат целосно ослободени од школарина. Аплицирањето за програмата за стипендии на Меѓународниот балкански универзитет ќе […]

Досега 15 средни и 21 основно училиште побарале да организираат настава со физичко присуство


 Досега 36 училишта, од кои 15 се средни и 21 основно, поднеле барања за дозвола да организираат настава со физичко присуство. Денеска истекува докот за доставување на барањата, кои ги разгледува владина комисија, по што ќе даде конечна оценка дали можат да огранизираат настава со физичко присуство согласно здравствените протоколи за фунционирање во време на […]

РКЕ се пожали кај ЕЗ, ЕУ и САД дека ВМРО-ДПМНЕ и врши директен притисок


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопшти дека ги информирала Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена, како и дел од меѓународните дипломатските претставници во земјава во врска со последните случувања во земјава поврзани со одлуката од 21 јули 2020 година за одобрување на регулираниот максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на […]

Врховен суд ја преиначи пресудата за сообраќајката кај Универзална сала пред пет години


Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи по жалбите на обвинетиот и на обвинителството во предметот со сообраќајната несреќа кај Универзална сала, во која животот го загуби Фросина Цековска, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот ја одби како неоснована, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи во делот на кривичната санкција. Со […]

Скопје Синема Сити: „Њу ордер“ со награда за животно дело, испратена е во Англија


Шестото издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити ќе почне на 19 септември, во дворот на Кинотека на С. Македонија. Фестивалот е поделен во два блока: едниот дводневен блок ќе почне на 19 и 20 септември и во него ќе бидат прикажани четири филма, а другиот дводневен блок ќе се одвива на 2 […]

Намалени продажните цени на индустриските производи


Во јули годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски 0,2  проценти на месечно ниво, а за 0,4  проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика. Во јули  во споредба со јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за […]

ПСМ Фондација организира бизнис предизвик за лица од 18 до 30 години со можност за грантови


ПСМ Фондација организира бизнис предизвик во рамки на проектот „Креирање одржливи можности за претприемништво“ наменет за лица од 18 до 30 години од Источна Македонија. Целта на предизвикот е да се овозможи поддршка на млади лица кои имаат идеја за започнување сопствен бизнисот, а трите најдобри бизнис планови ќе добијат грантови по 2.000 долари за […]

Колесникова: Ми ставија ќесе врз главата и ми се заканија со убиство


Русија – Белоруската опозиционерка Марија Колесникова тврди дека безбедносните службеници и ставиле ќесе врз главата и и се заканиле дека ќе ја убијат кога неделава насилно се обиделе да ја депортираат во Украина, се наведува во изјавата што денеска ја поднел нејзиниот адвокат. Британските медиуми пренесуваат дека Колесникова изјавила дека е искрено се исплашила за својот […]

Богат музички викенд: „Електрични оргазам“, „Скопје колинг“ и јубилеен на Бајага


Три музички настани во следните три дена во Скопје во организација на Авалон продукција. Утре ќе се одржи концерт на „Електрични оргазам“ на стадионот на АРМ. В сабота, домашни музичари ќе ја забавуваат публиката на фестивалот „Скопје колинг“, а неделата е отстапена за Бајага и инструктори, информираа организаторите. – „Скопје колинг“ прв пат собира македонски […]