Според соопштението од либанската армија, гори склад во кој се наоѓаат гуми и нафта. Причините за пожарот засега не се познати. Нема информација и за евентуалните повредени или загинати.

Гасењето на пожарот е во тек и, како што пренесува „Си-Ен-Ен“, во акцијата учествувааат и воени хеликоптери.