Хрватска со 291 новозаразен, се појавуваат жаришта во градинки и училишта


 

Во последните 24 часа во Хрватска пријавени се нови 291 случај со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 2.567.

Последното деноноќие тестирани се 4.118 лица. Починале двајца пациенти, а 320 се на болничко лекување.

До денеска во Хрватска има 12.917 заразени, од кои починаа 208, а 10.142 оздравеа.

Во една градинка во Карловац кај вработена е откриен корона вирусот, поради што сите воспитувачи и децата се изнесени од градинката, која се дезинфицира.

Во Сплит пак, корона е потврдена во еден клас од гимнацијата, поради што целото одделние е во изолација, а подоцна се појави сомнеж уште во три други одделенија во основни училипта од околината на Сплит.