Над 300 матуранти од земјата и регионот добија стипендии од Меѓународниот балкански универзитет


Над 300 матуранти од земјава и од балканскиот регион добија стипендии од Програмата за стипендии при Меѓународниот балкански универзитет.

Учениците кои се прогласени за најдобри во генерација, што се докажува со потврда од средното училиште, добиваат целосна стипендија и ќе бидат целосно ослободени од школарина.

Аплицирањето за програмата за стипендии на Меѓународниот балкански универзитет ќе трае до 25 септември 2020 година.

Стипендијата од 80 проценти ќе важи за учениците со среден успех 5.00, а школарината за нив ќе изнесува 200 евра по семестар. Учениците со среден успех од 4.50 до 4.99 ќе добијат стипендија од 70 проценти, односно ќе плаќаат школарина по 300 евра од семестар. Стипендија во вредност од 60 проценти, односно школарина од 400 евра по семестар, е предвидена за учениците со среден успех помеѓу 4.00 и 4.49, додека стипендија од 50 проценти или школарина од 500 евра од семестар, може да добијат учениците со среден успех од 3.00 до 3.99.

Од Универзитетот велат дека најмногу се радуваат на фактот што матурантите што аплицираат се квалитетни ученици и имаат висока просечна оценка од средното образование.

– Бевме убедени дека новата програма за стипендии ќе има голем ефект во општеството. Прво, ќе им помогне на најдобрите матуранти и нивните семејства од финансиски аспект, добивајќи стипендии до степен на целосно ослободување од школарина. Второ, таквата политика ги мотивираше најуспешните матуранти да аплицираат за стипендија, па така се придонесува најдобрите идни студенти да останат во државата и тука да се стекнат со високо образование. И трето, што е многу важно, низ нашиот модерен образовен систем ориентиран кон кариера и професионалност, идните дипломци со нивното стекнато знаење и практични вештини ќе помогнат за севкупниот развој на државата и општеството, истакна Висар Рамадани, Генерален секретар на Меѓународниот балкански универзитет.

Рамадани додава дека се горди на фактот што програмата за стипендии на Меѓународниот балкански универзитет низ која досега поминаа над 1.200 студенти прераснува во најистакнат општествено-одговорен проект во високото образование во државата и регионот

Програмата за стипендии на МБУ за сите матуранти нуди меѓународни стандарди, најдобро рангиран универзитет во категоријата настава и учење според последната Шангајска ранг-листа, студии на англиски јазик, активни програми за размена на студенти со преку 200 универзитети во 40 земји од светот, одлични можности за практична работа и вработување по дипломирањето во најреномирани институции и компании и целосно нов универзитетски кампус во Скопје.

Аплицирањето се врши онлај на веб страната  www.scholarships.ibu.edu.mk