ПСМ Фондација организира бизнис предизвик за лица од 18 до 30 години со можност за грантови

ПСМ Фондација организира бизнис предизвик во рамки на проектот „Креирање одржливи можности за претприемништво“ наменет за лица од 18 до 30 години од Источна Македонија.

Целта на предизвикот е да се овозможи поддршка на млади лица кои имаат идеја за започнување сопствен бизнисот, а трите најдобри бизнис планови ќе добијат грантови по 2.000 долари за да креираат сопствен бизнис.

– Главната цел на проектот е да придонесе кон развојот на младинското претприемништво преку охрабрување и стимулирање на млади луѓе од источните краеви на земјата да креираат иновативни бизнис идеи, што на подолг рок би резултирало со зацврстување на капацитетите на младите луѓе, претприемачите како и целокупниот претприемачкиот потенцијал на земјата, соопшти Фондацијата.

Бизнис предизвикот се состои од три фази: Вебинар – вовед во креирање бизнис и изработка на бизнис план, Менторство – секој учесник индивидуално ќе добие онлајн менторство од експерти за развој на бизнис, Бизнис план натпревар – секој учесник ќе аплицира со разработен бизнис план.

Сите заинтересирани лица можат да се пријават на следниот линк , со краток опис за сопствена бизнис идеја. Пријавувањето е најдоцна до 15 септември 2020 година.