Намалени продажните цени на индустриските производи

Во јули годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски 0,2  проценти на месечно ниво, а за 0,4  проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во јули  во споредба со јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 2,2  процент,и а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,4  проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,3 проценти.

Во јули годинава во споредба со јули минатата година продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 11,4  проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,8  проценти, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,6  проценти.