Наташа Сарџоска доби награда за поетско творештво на италијански јазик


Поетесата Наташа Сарџоска ја доби специјалната награда за поезија „Дон Луиџи де Лиегро“ за посебни заслуги за поетско творештво на италијански јазик во Рим овој месец. Жири комисијата предводена од книжевните критичари, теоретичари и поети Мануел Коен, Ренато Фјорито, Лука Бенаси, Ана Марија Курчи, Фламинија Кручани, Рафаела Фацио и Микела Ѕанарела, покрај песните на десетина […]

Владата размислува со закон да ги исфрли воените лица од партиите


Прашана за коментар за изборот на Драги Ковачки, полковник на Армијата, за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, министерката Радмила Шекеринска оцени денес  дека тоа не е добро ниту за државата, ниту за Армијата. – Замислете ситуација имаме ние началник, заменик началник и директор на ГШ. Замислете едниот да отиде во СДСМ, другиот во ВМРО, […]

Процедурите го одолжиле именувањето воен преставник во НАТО


Се уште не се завршени сите процедури и затоа не е поставен воен преставник во мисијата на Македонија во НАТО, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање. Процедурите за поставување, рече таа, се долги не само од наша страна, туку и од страна на НАТО.  На ова, според неа, се должи доцнењето […]

„Златно славејче“ слави 50 години, в сабота на отворено ќе се слушнат најубавите песни


На годинешното јубилејно 50. издание на детскиот фестивал Златно Славејче, Комерцијална банка повторно ќе ги поддржи најубавите детски песни како спонзор на овој најстар детски музички фестивал. Поради корона-кризата, вообичаеното фестивалско издание е поместено од ноември во овој викенд и ќе се одржи во вид на концерт со најголемите хитови. Оваа година децата ќе се […]

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан за „Труст“


Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените 6 години од кривичниот суд. Пресудата за предметот „Труст“ од кривичниот суд беше изречен во јули 2018 година. „Со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани […]

Николовски: И советниците на функционерите ќе пријавуваат имотна состојба


Заменик-претседателот на Владата Љупчо Николовски изјави денес дека непотизам и корупција при вработувањата во јавниот сектор имало секогаш и тоа не може лесно да се искорени, но, Владата е цврсто решена да ги употреби сите механизми за спречување на оваа појава во иднина. „Не можеме да очекуваме напредок и резултати од работата на јавниот сектор […]

Како да се живее со неостварени желби?


БОЖИН ПАВЛОВСКИ Кога помислив дека Томас Кинели, светско книжевно име од Австралија („Шиндлеровата листа”) се измори шетајќи по нашето Скопје, на неговите 78 години, тој ме изненади со обновена енергија и нова желба. Славниот романсиер, но и познат гурман, си вкусуваше по малку од сите наши „манџи“, и само што поверував дека тоа му збоктиса, […]

Кои се македонските модни херои : Ќе ги видите на Моден викенд-Скопје


22.Моден викенд-Скопје три дена ќе биде во знакот на шоурумот „Свесна мода“ од 1 до 3 октомври во Јавна Соба. FWSK и ONLYAFEW најавуваат реномирани дизајнери, како и нови иновативни таленти од нашата земја и странство. Поканата е отворена за сите љубители на убавиот и квалитетен дизајн, кои ќе имаат уникатна можност да се запознаат […]

Бах: Ќе има Олимпијада и без вакцина против Ковид-19


Јапонија – Олимписките игри во Токио може да се одржат дури и ако во моментот нема вакцина против коронавирусот. Ова го изјави претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах. Бах изјавата ја даде на видео конференција со организацискиот комитет на Игрите, јапонската влада, властите во Токио и Координативната комисија на МОК. – Гледаме дека спортот […]

Преспа Институт: Расте политичкото присуство на Бугарија во Македонија


Институтот Преспа објави истражување за меѓународното присуство во Македонија лани  и споредено со 2009 и 2010 година, што е прво од овој тип и го покажува влијанието на нашата надворешна политика и местото на нашата држава во геополитиката. Истражувањето го  оценува економското, политичкото и т.н. меко присуство, мерено врз основа на нивото на дипломатските односи, […]

Со „Хомо“ на Игор Иванов-Изи вечерва завршува „Синeдеjс“


Филмот „Хомо“, во режија на Игор Иванов-Изи, вечерва ќе го затвори 19-тото издание на фестивалот за европски филм „Синедејс“, по што ќе следи концерт на Здружението на џез-музичари и слободни уметници, Македонската премиера на филмот ќе почне во 20 часот на покривот на ГТЦ, а претходно ќе бидат доделени наградите. „Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби […]

Владата размислува дали да ја зголеми казната за неносење маска


Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од  Ковид-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Во Владата разговараме во однос […]

Две кампањи на „Њу момент“ во финалето на фестивалот за маркетинг „БалКанс“


Две кампањи на маркетинг-агенцијата „Њу Момент“, „Кога пчелите ќе стивнат“ и герила-акцијата „Ослободување на дрвјата“ продуцирани и реализирани изминатава година, беа избрани во најдобрите 25 проекти во регионот на фестивалот за маркетинг „БалКанс“. Кампањата „Кога пчелите ќе стивнат“ е работена како социјален експеримент за последиците од изумирањето на големи пчелни семејства поради климатските промени и […]

Атиџе од „Медена земја“ се онесвести на отворањето на „Денови на македонскиот мед“


Главната ѕвезда од документарецот „Медена земја“ и македонската хероина Атиџе Муратова, се онесвести на отворањето на настанот „Денови на македонскиот мед“ на плоштадот во Скопје, пренесува Телма. Атиџе загубила свест за време на говорот на министерот за земјоделство Аријанит Хоа и на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, по што веднаш била повикана итна помош. […]

ЕЦДЦ: Седум земји од ЕУ „високо загрижувачки“ поради смртноста од Ковид-19


Шведска – Седум земји од Европската унија – Шпанија, Романија, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Чешка и Малта се „високо загрижувачки“ поради зголемувањето на смртноста од Ковид-19, предупреди денеска Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ). Во најновиот извештај на Агенцијата на ЕУ, со седиште во Стокхолм, се наведува дека овие земји „го зголемија процентот на […]

Ракот на дојка не ги одминува ни мажите, в недела трка и прошетка „Race for the cure“


Здружението „Борка – за секој нов ден“ в ндела организира настан „Race for the cure„ во рамките на Националната кампања за борба против рак на дојка, кој ќе се одржи во Градски Парк, кај Школка и во уште 13 градови низ Македонија истовремено. -Ова ќе биде нашата 12-та Напред розово која што оваа година преминува […]

Деспотовски на конференција за иновации: Очекуваме ЕУ финансиски да го поддржи Регионалниот инвестициски фонд


Иднината на иноваците и образованието, поддршката преку програмите на ЕУ како и предизвиците и идните планови за Западниот Балкан беа во фокусот на панелот „Иновативна агенда за Западен Балкан“ во рамките на Европски денови на истражување и иновации кои се оддржуваат онлајн од 22 до 24 септември. На панелот учествуваат Сања Дамјановиќ, министер за наука на Црна Гора, […]

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои користеа породилно отсуство


Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе одговори во најкус можен рок. Вакво ветување им дал денеска премиерот Зоран Заев на претставниците на родителите. На средбата во Владата, на која присуствувале и министрите за здравство и за труд и социјална политика, премиерот […]

Спасовски за сообраќајните казни за премиерот и министри: Не може да има неказнивост за никого


Не може да има неказнивост за кој било. Тоа, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, е клучната порака по случајот во кој полицијата им изготви записници и платни налози за сообраќен прекршок за неносење заштитна кацига на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министрот Венко Филипче . – Во однос на казните, колегите […]

Се гледа крајот за „шамарите во Центар“: Фетаи побара затвор за Груевски и Јанакиески, но ја ослободи од вина Рангелова


Четири години откако поранешното Специјално обвинителство го покрена својот прв предмет – случајот за насилствата во Општина Центар процесот доаѓа до крајот со барањето на обвинителката Фатиме Фетаи за најстроги казни за првообвинетите Никола Груевски и Миле Јанакиески. Обвинителството денеска ги даваше завршните зборови, во кои Фетаи се откажа од обвинението за Даниела Рангелова, Милан […]