Атиџе од „Медена земја“ се онесвести на отворањето на „Денови на македонскиот мед“


Главната ѕвезда од документарецот „Медена земја“ и македонската хероина Атиџе Муратова, се онесвести на отворањето на настанот „Денови на македонскиот мед“ на плоштадот во Скопје, пренесува Телма.

Атиџе загубила свест за време на говорот на министерот за земјоделство Аријанит Хоа и на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, по што веднаш била повикана итна помош.

Муратова на денешната манифестација донесе мед од диви пчели, каде се изложени пчелни производи од пчелари од сите краеви во земјава.