„Златно славејче“ слави 50 години, в сабота на отворено ќе се слушнат најубавите песни


На годинешното јубилејно 50. издание на детскиот фестивал Златно Славејче, Комерцијална банка повторно ќе ги поддржи најубавите детски песни како спонзор на овој најстар детски музички фестивал.

Поради корона-кризата, вообичаеното фестивалско издание е поместено од ноември во овој викенд и ќе се одржи во вид на концерт со најголемите хитови.

Оваа година децата ќе се радуваат на најновите хитови на отворено, в сабота на големиот паркинг пред СЦ „Борис Трајковски“, Скопје, со почеток во 11 часот.

Билетите се во ограничен број по цена од 150 денари и се продаваат преку mktickets.mk.