Со „Хомо“ на Игор Иванов-Изи вечерва завршува „Синeдеjс“

Фото: Б. Грданоски

Филмот „Хомо“, во режија на Игор Иванов-Изи, вечерва ќе го затвори 19-тото издание на фестивалот за европски филм „Синедејс“, по што ќе следи концерт на Здружението на џез-музичари и слободни уметници,

Македонската премиера на филмот ќе почне во 20 часот на покривот на ГТЦ, а претходно ќе бидат доделени наградите.

„Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор. Безнадежните ликови случајно се среќаваат во модерната метропола, при бескрајни обиди да опстанат и најдат малку среќа. Невработениот дипломец станува гробар, ужалената вдовица – монахиња, свештениците се коцкаат, а со судовите владеат гангстери. И кога изгледа дека надежта е мртва, едно осамено момче успева да пронајде љубов.

Улогите ги полкуваат Александар Матовски Цако, Наташа Петровиќ, Сергеј Димовски, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Мајлинда Косумовиќ, Сашко Коцев, Оливер Митковски.

Од 23 часот, започнува концертот насловен „Волшебна ноќ“ на ЗЏМ Колектив, придружуван од гудачки оркестар.

Колективот е составен од Трајче Велков – труба, Кирил Кузманов – алт саксофон, Сашко Николовски – тромбон, Зоран Костадиновски – гитара, Гордан Спасовски – пијано, Дарко Мучев – бас, Кирил Туфекчиевски – контрабас и Гоце Стевковски – тапани.

Билетите се по цена од 200 денари може да ги набавите на билетарница во МКЦ и online преку https://bileti.mkc.mk/index.php?id=710