Шахпаска: Вкупно 79,5 милиони евра за финансиска поддршка за вработените во компаниите


Вкупно 79,5 милиони евра за мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен биле исплатени во изминатите три месеци. Во исто време одобрени биле 639 кредити за македонски омпании кои вработуваат 11.325 лица, објави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на својот фејсбук профил. Во време кое налагаше итна реакција, пишува Шахпаска, Владата […]

Дваесетгодишник загина во несреќа на Галичица


Млад човек на 20-годишна возраст денеска го загуби животот во несреќа што се случила на падините на планината Галичица. Според првичните информации, жител на селото Љубаништа смртно настрадал кога се превртел тракторот со кој управувал на планинскиот пат што од Отешево преку Галичица води до магистралниот пат Охрид-Свети Наум. Увидот на лице место што е […]

Кање Вест објави икона од Климент Охридски, со светците ги збуни фановите


САД– Американскиот рапер Кање Вест денеска на Твитер објави 40-тина икони од православни светци, вклучувајќи го и Климент Охридски. Без никакво објаснување, раперот одеднаш ги објави иконите на социјалната мрежа. Пред три месеци, тој соопшти дека ќе се кандидира за претседател на САД на изборите во ноември, но беше отфрлен од трката поради одлуката на […]

Одлуката за испорачување на Асанж – по претседателските избори во САД


Англија – Британското судство ќе донесе одлука за екстрадиција на Џулијан Асанж по претседателските избори во САД на 3 ноември, изјави денеска судијката Ванеса Бараистер. Тој се соочува со затворска казна од 175 години за откривање на повеќе од 700.000 тајни документи за воените и дипломатските активности на САД, особено во Ирак и Авганистан. Почна да […]

АВМУ: МРТ и комерцијалните радија лани оствариле помалку приходи, комерцијалните телевизии ги зголемиле вкупните приходи


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја изработи Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година според која вкупните приходи изнесуваат  2.432,95 милиони денари и се намалиле за 0,76% во однос на претходната година. МРТ и комерцијалните радија оствариле помалку приходи отколку во претходната година, комерцијалните телевизии ги зголемиле вкупните […]

Претседатели како манекени: Стево Пендаровски и Борут Пахор


Во тегет костуми, бели кошули и слични чевли претседателите на Македонија и на Словенија, Стево Пендаровски (57) и Борут Пахор (56) се дружеа денес, на првиот ден од дводневната официјална посета на Пахор на нашата земја. Различна боја им беа само вратоврските. И двајцата згодни и високи, како манекени. Пахор во младоста, додека студирал политички […]

Во Шведска пораст на бројот новозаболени


  Во Шведска во последните денови дојде до пораст на бројот новозаразени со корона вирус. Откако кон крајот на август и почетокот на септември таа земја, небележеше пораст на нови случаи со Ковид-19, што беше случај со другите европски земји, во средата имаше најголем број нови инфекции од почетокот на јули. Во Шведска во текот […]

Предупредување за бури, торнада, поројни врнежи и силен ветар за Хрватска и Западен Балкан


Европскиот систем за предупредување за невреме ЕСТОФЕКС издаде предупредување од втор и прв степен за делови од Хрватска и Западен Балкан, наведувајќи дека дел од регионот ќе биде под влијание на пороен дожд и град. Тие додаваат дека се можни торнада и силни налети на ветер. Бури се формираат на северот на Хрватска се до […]

Возач на „порше“ и мигрант ранети откако се обиделе да им избегаат на полицајци


Две лица се ранети при инцидент утрово на крстосница од пат с.Кравари – с.Оптичари, кај Битола кога патничко возило марка „порше“ со скопски регистарски таблички не застанало на наредба од полициски службеници и се обидело да ги прегази, по што полицајците испукале неколку истрели. Како што соопшти МВР, настанот се случил утрово околу 6 часот […]

Преференцијален третман: за што и до кога?


ИЛО ТРАЈКОВСКИ Ако не се адресираат соодветно, најавените субвенции за етнички вработувања не само што нема да ја намалат претпоставената дискриминација туку неа ќе ја легитимираат и дополнително ќе ја зацементираат. Тоа пак ќе води во понатамошно дезинтегрирање на општеството   Повеќето теми со кои во изминативе две недели се занимава македонската јавност ги поврзува […]

Повторно голем број починати – девет лица, нови 143 случаи на корона вирус и 110 оздравени


Во изминатите 24 часа од направени 1.504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на корона вирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 43, […]

Шефот на военото разузнавање на Германија поднесе оставка поради подемот на десниот екстремизам


  Кристијан Грам, претседателот на Германската воена разузнавачка служба (МАД), беше принуден да даде оставка. За многумина, потресот не претставува изненадување со оглед на неодамнешните критики за тоа како агенцијата ги водела истрагите за десниот екстремизам во германските специјални сили (КСК). Мандатот на Грaм како претседател на МАД ќе заврши следниот месец. Во пролетта оваа […]

Авионите на Боинг – 737 Макс најверојатно од ноември ќе добијат европска дозвола


Авионите Боинг 737 Макс може да добијат регулаторна лиценца во ноември и да се вратат во функција до крајот на годината, соопшти денеска Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската унија (ЕАСА). Авионот на Боинг – 737 Макс беше повлечен од употреба во март минатата година по две сериозни несреќи во кои загинаа вкупно 346 […]

Шпанската влада препорача целосно затворање на Мадрид поради Ковид-19


Шпанската Влада повторно препорача целосна блокада на главниот град Мадрид, откако локалните власти воведоа ограничувања во одредени области. Тоа го објави министерот за здравство Салвадор Ила. Новите ограничувања се очекуваа откако потврдените случаи во државата надминаа 700.000, а повеќе од една третина од сите хоспитализирани во Шпанија се во Мадрид. Регионалната влада во Мадрид ги […]

Од понеделник почнува етапната исплата на септемвриските пензии


Oд понеделник 28.09.2020 година, почнува етапната исплата на септемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат […]

Холандија – нов рекорд на инфекции од корона


  Холандија го забележа својот најлош ден за нови случаи, потврдувајќи 2.777 нови во последните 24 часа, според податоците на здравствените власти. Тоа го направи петокот втор последователен ден кој се рангираше како најлош во земјата, откако во четвртокот беа регистрирани 2.544 случаи. Растот е дел од поширокиот втор бран што започна кон крајот на […]

Богојески обвинува: Мицкоски и Каракачанов во заедничка платеничка акција


Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, соопшти дека подолг период е  предмет на уцени и закани преку специјална платена координирана акција помеѓу претставници на ДПМНЕ на Мицкоски и БНД на Каракачанов. Според него, тие се координирани од страна на еден македонски олигарх, кој плаќа бугарски и македонски политичари за да биде заштитен од политички прогон […]

Словенија со рекорден број новозаразени од почетокот на пандемијата – 192


Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 192 нови инфекции со коронавирус на 3.645 направени тестови, а нема нови смртни случаи, објави словенечката влада. Станува збор за најголемата дневна бројка на нови инфекции од почетокот на епидемијата, во вториот бран на вирусот во земјата, во кој во последниве две недели дневниот број на новозаразени […]

Лопез се врати на сцената со два сингла и раскошни спотови (видео)


САД– Поп- ѕвездата и актерка Џенифер Лопез (51) се врати на голема врата на музичката сцена и тоа го стори неделава во соработка со популарниот колумбиски пејач Малума. Латино-дивата вчера објави спот за двата нови синглови Pa Ti и Lonely, први по повеќе од една година. На екранот, sвездата на „Хастлерс“ ја истакнува својата затегната фигура во […]

Србија со нови 75 случаи со корона вирус, почина еден


  Според последните податоци во Србија регистрирани се уште 75 нови случаи со корона вирус во Србија. Од последиците од вирусот почина еден пациент, со што вкупната бројка достигна 746 лица. Тестирани биле 7.422. На респиратори се 22 пациенти. Во Белград се регистрирани 36 позиотивни случаи.