Кање Вест објави икона од Климент Охридски, со светците ги збуни фановите


САД– Американскиот рапер Кање Вест денеска на Твитер објави 40-тина икони од православни светци, вклучувајќи го и Климент Охридски. Без никакво објаснување, раперот одеднаш ги објави иконите на социјалната мрежа.

Пред три месеци, тој соопшти дека ќе се кандидира за претседател на САД на изборите во ноември, но беше отфрлен од трката поради одлуката на судот во Охајо.

Пред неколку дена раперот изгради и огромен бел ѕид околу својот имот, а сето тоа ги зачуди фановите кои се прашуваат дали неговото ментално здравје е во ред, откако летово неговата сопруга, старлетата и бизнисменка Ким Кардашијан јавно проговори за неговата биполарност.

Вест според Форбс е најбогат меѓу музичарите годинава, а втор на листата меѓу славните личности. Се впиша и во клубот на милијардери.