Претседатели како манекени: Стево Пендаровски и Борут Пахор

Фото: Б. Грданоски

Во тегет костуми, бели кошули и слични чевли претседателите на Македонија и на Словенија, Стево Пендаровски (57) и Борут Пахор (56) се дружеа денес, на првиот ден од дводневната официјална посета на Пахор на нашата земја. Различна боја им беа само вратоврските. И двајцата згодни и високи, како манекени. Пахор во младоста, додека студирал политички науки, заработувал и како манекен благодарејќи и на висината од 187 см.

Фото: Б. Грданоски

Секое претседателско појавување се мери и со стилот на облеката, не само со она што го зборувате на говорница, секој моден гаф како несоодветен збор може скапо да чини зашто вие сте репрезент на нацијата дома и во светот. Добар и соодветен изглед никогаш не одмогнал, туку може да помогне и да донесе екстра политички поени.

Фото: Б. Грданоски

Јавноста тука и во светот знае да биде немилосрдна, да ве осуди за лош стил, но и за премногу брендирана и скапа облека. Компромисот и дипломатијата во водењето преговори се важни и за стилот на политичарите и претседателите.

Фото: Б. Грданоски

Секогаш е актуелно прашањето: Има ли граница до каде можат политичарите со стилот да поентираат или да киксираат ?

Правилото е што поедноставно, тоа подобро. Секогаш во долги ракави и со палто, и кај мажите и кај жените. Мажите исклучиво во костум, никако во друга неформална облека. Со вратоврска или без вратоврска. (Л.С.)

Фото: Б. Грданоски