Во Шведска пораст на бројот новозаболени

 

Во Шведска во последните денови дојде до пораст на бројот новозаразени со корона вирус. Откако кон крајот на август и почетокот на септември таа земја, небележеше пораст на нови случаи со Ковид-19, што беше случај со другите европски земји, во средата имаше најголем број нови инфекции од почетокот на јули.

Во Шведска во текот на август и почетокот на септември бројот на нови случаи варираше од 70 до 350 дневно, а помалку за викендите. Кон средината на септември тие бројки почнаа едвај забележително да растат за во средата на 23 септември да достигнат до 550 случаи, што е најголем број од почетокот на јули, пишува Ворлдометерс.

Бројот на смртни случаи останува низок од почетокто наавгуст меѓу еден и пет нови случаи дневно.