До 30 септември поднесување барања за субвенции во земјоделството по Програмата 2020


Земјоделците кои во претходниот рок не успеале да поднесат барања за директни плаќања за 2020 година, тоа ќе може да го сторат од денеска до 30 септември, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Според Агенцијата, новиот рок е донесен од страна на Владата и е утврден согласно дополнетата Уредба за директни плаќања. […]

Пендаровски: Срамно и без преседан е политички да се полемизира од позиција на висок воен чин


Не постои ниту една Армија во светот чиј полковник, се расправа за политика во медиуми со актуелниот министер за одбрана. Тоа го нарушува кредибилитетот на Армијата, но и довербата на граѓаните во институциите на системот. Вака претседателот Стево Пендаровски денеска одговори на новинарско прашање околу неговиот став во врска со барањето на министерката Радмила Шекеринска […]

Лекарската комора реагира на изнесувањето ставови без медицински докази за короната нестручни


Лекарската комора преку соопштение најостро реагира на тоа што во последно време сè почесто во средствата за јавно информирање се публикуваат написи, коментари, изјави и интервјуа на доктори чии ставови не се базирани на медицински докази или на лично искуство и директна работа со Ковид пациенти. Со ова целосно, посочуваат од Лекарската комора, се девалвира […]

Кривична пријава и суспензија за полицаецот од Битола кој нападна Ром


Поведена е кривична пријава против еден полициски службеник од Битола, кој вчера брутално нападна Ром во Битола. Тој заедно со уште еден негов колега кој бил присутен за време на инцидентот ќе бидат суспендирани, објави попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – МВР осудува каков било вид на насилство, особено кога тоа го направил […]

НЛБ Банка ги повикува децата да цртаат за убавините на нашата земја по повод Месецот на штедење


Оваа година, по девети пат, НЛБ Банка го организира НЛБ Месецот на штедење на тема: „Ги истражуваме убавините на нашата земја со Тиби и Штуки!”. НЛБ Месецот на штедење започнува на 25 септември и ќе трае до 25 октомври 2020 година, a во рамките на истиот децата на возраст од 5 до 15 години ќе […]

Уапсен претседателот на ветеранската организација на ОВК, Хисни Гуцати


Полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС го приведе претседателот на Организацијата на воени ветерани на ОВК Хисни Гуцати и се очекува да го спроведе во Хаг пред меѓународниот суд за воени злосторства во Косово, каде што е подигнато обвинение против него, јави дописникот на МИА од Приштина. Гуцати е забележан […]

Вирусот не сопира во БиХ, денеска 248 новозаразени, шестмина починаа


Во Босна и Херцеговина денеска се пријавени нови 248 заразени со корона вирус, а шест пациенти починаа. Во изминатите 24 часа во Федерацијата биле тестирани 1.415 примероци, а 173 биле позитивни. Досега се тестирани вкупно 151.939 примероци, а корона вирусот е потврден кај 17.206 лица. До денеска во Федерацијата излечени се 13.197 пациенти, а во […]

(Видео) Гори лабораторијата на „Хуавеј“ во Кина


Голем пожар изби во едно од седиштата на компанијата „Хуавеј“ во Кина и тоа во лабораторијата за истражување и развој во јуниот град Донгуан. Густи облаци црн чад се издигнуваат од кинескиот технолошки џин, а бројни минувачи споделуваат снимки на социјалните мрежи. На снимките се гледа дека гордниот дел од објектот е целосно во чад. […]

Напад со мачета во близина на редакцијата на „Шарли Ебдо“


  Утринава во Париз, кај поранешните канцеларии на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“, местото на напад од 2015 година, се случи нов напад. Со мачета се потврдени четворица, а двајца од ранетите се во критична состојба, јавува АФП. Меѓу повредените е вработен во продукциската куќа Première Lines, соседи на некогашните простории на сатиричниот весник и жена […]

Ракометот во мирување – уште 16 играчи позитивни на Ковид-19


Ракометната Федерација на Македонија денеска го стави ракометот во нашата земја во мирување, откако се појавија први позитивни случаи на корона вирус и во групата Б. По привремениот прекин на групата А во која позитивни случаи пријавија дури четири клуба, најновата вест од Работнички за 16 позитивни ракометари на Ковид 19 беа јасен сигнал дека […]

Имало отстапување во еден од головите на Националната арена, ама во рамките на дозволеното


АД за изградба и стопанисување ги отфрла како неосновани тврдењата во одредени медиуми дека е направен пропуст во димензиите на рамката на еден од головите на Националната Арена  „Тодор Проески’’. -Пред почетокот на овој натпревар, исто како и пред сите меѓународни натпревари делегат на УЕФА и судиите извршија проверка на целокупниот терен.По  детално извршената  проверка, […]

Бутелчани бараат поликлиника, амбулантата им се распаѓа


  Повеќе жители на Општина Бутел бараат изградба на поликлиника во општината, затоа што амбулантата која сега опслужува 60.000 граѓани е речиси руинирана. За таа цел, најавиј аи протест во сабота, на кој ќе побараат државата во услови на ковид-19 да им овозможи достојно место каде може да посетат лекар, а секако, бараат да проработи […]

Прометот кај услугите во вториот кварал со пад од 34,8 отсто, кај туристичките агенции и туроператори од 99 отсто


Прометот од продажба на услугите во второто тримесечје од годинава во однос на истиот период лани забележува пад од 34,8 отсто, објави Државниот завод за статистика. Намалување во ова тримесечје, односно во април, мај и јуни годинава е забележано во сите сектори, но најголемо е во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна […]

УХМР: Од утре локални поројни дождови


Во текот на наредните неколку дена, а особено утре, како резултат на циклонска активност, се очекуваат локални поројни врнежи од дожд, на места доста интензивни со над 30 литри на квадратен метар, во вид на невреме и проследени со засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). -Ваквите процеси можат да предизвикаат појави на течење […]

Околу 60 отсто од Црногорците сакаат земјата да остане на евроатлантскиот пат, 20 отсто да се сврти кон Србија


Истражувањето на Центарот за демократија и човекови права (ЦЕДЕМ) покажа дека повеќе од 60 проценти од испитаниците очекуваат Црна Гора да остане независна и на евроатлантскиот пат по изборите, јави Анадолија. Анкетата на јавното мислење на таа невладина организација, исто така, покажа дека повеќе од 80 проценти не ја доведуваат во прашање независноста на државата. […]

Ветераните на ОВК му порачаа на ЕУЛЕКС дека ќе му одговорат „исто како на Југославија“


Секретарот на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ-ОВК), Фатон Клинаку, по денешниот упад на полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС во просториите на организацијата, изјави дека ЕУЛЕКС при упадот не покажал никаков документ кој му дава за право да врши претрес, јави дописникот на МИА од Приштина. Таковото […]

Глоба од 50.000 евра за САСА, 15.000 евра за одговорното лице


Рудникот САСА ќе плати глоба и ќе спроведе девет мерки по истекот на јаловишен материјал во Каменичка Река на 14-ти овој месец. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека откако е направен увид и констатиран прекршокот водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување, а правниот субјект Рудник […]

СЗО: Некои земји имаат проблем со набавка на вакцина за сезонски грип


  Некои земји од северната хемисфера имаат проблем со набавка дополнителни вакцини за грип, заради поголемата побарувачка, но здравствените работници и постарите треба да бидат приоритет во случај да снема, објави Светската здравствена организација во петокот. Додека стручњаците предупредуваат на двојна можност од епидемија на корона вирус и грип, СЗО препорачува вакцинација против сезонски грип […]

Во тек е третата и последна дополнителна исплата на правата од социјална и детска заштита за август


Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е третата и последна дополнителна исплата на правата од социјална и детска заштита за месец 08/2020 година. Станува збор за гарантиран детски додаток, посебен додаток за месец 09/2020, ЕПП за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете, гарантирана минимална помош, туѓа нега, […]

Заев: Верувам дека со Бугарија ќе најдеме решение со кое двете страни ќе бидат среќни


Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека со Бугарија ќе се најде решение со кое двете страни ќе бидат среќни и рече дека Бугарија ги поддржува евроинтегративните процеси на земјава. -Верувам дека ние како премиери, така и нашите министри ќе водат грижа дека на крајот треба да се договориме и да најдеме решение каде што […]