Владата помага да се откупи што поголемо количество грозје, вели Хоџа


Квалитетот на грозјето годинава не е таков како што очекувавме и поради природните околности во лозарството има речиси елементарна непогода, но со мерките што ги презеде Владата сите лозари што ќе го предадат грозјето добиваат осум денари од државата, ако се земат предвид сите мерки заедно, и плус тоа што ќе го добијат од откупувачите, […]

Министерот Хоџа најавува по 200 милиони евра годишно за земјоделството и руралниот развој


Во наредните четири години земјоделството и руралниот развој ќе ги поддржиме со годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра и ќе вршиме навремена исплата на субвенции по принципот 30 отсто од висината на субвенциите за основните мерки да се исплаќа 30 дена по одобрувањето, а 70 отсто според календарот за исплата, најави денеска министерот за […]

(Видео) Филипче: Одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 Септември


Во организација на Институтот за јавно здравје денеска беа организирани повеќе активности за подигање на свеста кај општата популација за здрав стил на живот и превeнција на ризик факторите кои доведуваат до кардиоваскуларни заболувања и последици од нив. Главниот настан се одржа во Градскиот парк кај Школка во Скопје од 9 до 13 часот, период […]

Кривична пријава за 10 дрвократци кои нападнаа полициски службеници


Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица кои на 24 овој месец на стариот пат Прилеп – Велес нападнаа врз полициски службеници. Пријави се поднесени против Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43), С.М.(57), Ѓ.А.(21), Р.В.(30), Е.В.(29), И.В.(52), сите од Прилеп. Во соопштението од МВР се потсетува дека на 24.09.2020 околу 20.00 часот, полициски […]

Осомничениот наводно го признал нападот пред „Шарли ебдо“ во Париз


Главниот осомничен за вчерашниот напад со мачета  во Париз, наводно, го признал нападот, правдајќи се дека реагирал заради навредливите карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед објавени од сатиричното списание „Шарли Ебдо“, јавија денеска француските медиуми, што ги пренесува ДПА. Во вечрашниот напад две лица се потешко повредени, а седум се приведени за врска со напаѓачот. Нападот […]

ЕСС: Четвртиот пакет мерки тежок 350 милиони евра вклучува поддршка за најпогодените сектори и категории на граѓани


  Четвртиот пакет економски мерки тежок 350 милиони евра е продолжение на претходните три пакети и е сублимирање на анализите направени преку консултациите со сите засегнати чинители во општеството, со цел опфатот во овој пакет да биде насочен кон поддршка и помош на најпогодените сектори и категории на граѓани, појасни вицепремиерот за економски прашања Фатмир […]

(Видео) Падна снег во Босна и Херцеговина


  По обилните дождови последните два дена, во Босна и Херцеговина денеска падна и снег. Имено, врвовите на планината Бјелашница и на Јахорина забелеа. Федералниот Хидрометеоролошки завод за денеска најави претежно облачно време, дожд во Херцеговина, централните и источните подрачја, а на врвовите на планините и снег. На Бјелашница утрово биле измерени 0 степени Целзиусови. […]

Словенија регистрира 184 нови случаи со корона вирус


  Во Словенија денеска се потврдени нови 184 сучаи со корона вирус, што е втор најголем дневен пораст на бројот на заразени. Направени се 2.775 тестови. Претходниот ден, кога беа потврдени 192 случаи на зараза, имаше многу повеќе тестирани. Во болница се 72 пациенти додека вчера имаше 60. На интензивна нега се 16 пациенти. Забележан […]

Зеленски дојде на местото на падот на украинскиот воен авион „Ан-26“


Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, пристигна на местото на падот на воениот авион „Ан-26“ во Харковскиот регион, соопшти телевизијата „Украина 24“. Претседателот нареди да бидат прекинати сите летови на авиони слични на „Ан-26“ се додека не се утврдат околностите за падот на авионот во регионот во кој пристигна. Претходно, медиумите објавија дека на местото на авионската […]

Радев нема да формира партија во Бугарија


Бугарскиот претседател Румен Радев нема намера да почне нов политички проект во земјата бидејќи неговата цел е да ги поддржи оние проекти и партии кои работат за доброто на народот. Шефот на државата ова го изјави во Карнобат, при посетата за празникот на градот, каде даде свој коментар за повеќе актуелни теми, меѓу кои и […]

Најголемо зголемување на инфекции во Русија од јуни


Русија објави нови 7.523 случаи на корона вирус, најголемо дневно зголемување од 22 јуни, јави новинската агенција Тасс. Русија, исто така, пријави и 169 нови смртни случаи од вирусот, со што бројот на смртни случаи достигна 20.225.

Трамп вели дека победникот на изборите можеби нема да се знае со месеци


  Претседателот на САД, Доналд Трамп, во петокот рече дека Американците можеби нема да го дознаат победникот на претседателските избори во ноември со месеци, поради расправии околу гласачките ливчиња, врз основа на неговите критики за методот што може да го користат половина од американските гласачи оваа година. Изборните експерти изјавија дека може да потрае неколку […]

Платформата за учење на далечина достапна за учениците


Пет дена пред старотот на учебната година, веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Министерството за образование ги повикува учениците и родителите да ја посетат и да се запознаат со нејзините функционалности пред стартот на учебната година. -На платформата веќе се поставени видео упатства […]

Јанчев: Дај боже да бидеме сите како Заев


Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, чиј член се уште е, на трибина зборуваше за тоа каков лидер сака да биде тој лично. „Дај боже да бидеме сите како Зоран заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме, рече Јанчев на трибината. Тој побара неговиот став да не […]

Прегазен полицаец додека запирал возач за брзо возење


Во текот на синоќешните полициски контроли на сообраќајот во Скопје, еден полицаец е прегазен од страна на возач во скопска Кисела Вода, кого се обидел да го сопре поради брзо возење, потврди МВР. Повредениот полицаец на улицата „Првомајска“ бил пренесен во Клиничкиот центар, а возачот кој управувал со возилото и неговиот сопатникот биле фатени и […]

Новоназначениот либански премиер Мустафа Адиб поднесе оставка без да формира влада


Новоназначениот либански премиер Мустафа Адиб, кој ја презеде работата за да ѝ помогне на земјата да се крене по уништувачката експлозија во август во Бејрут, изјави дека се повлекува од функцијата без да формира нова влада, повикувајќи се на политичките пресметки во земјата, јави ДПА. Државната новинска агенција соопшти дека Адиб оставката ја објави по […]

Бесими – Сахакјан: Подобар систем на јавни финансии, помалку сива економија и фискална децентрализација


Фокусот на соработката на Министерството за финансии со Развојната програма на Обединетите Нации (УНДП) во следниот период, ќе биде подобрување на управувањето со јавните финансии во разни области, со посебен осврт на борбата против неформалната економија, како и поддршка на општините во процесот на фискална децентрализација и зајакување на капацитетите на локално ниво, беше посочено на […]

Вердаско нема да учествува на „Ролан Гарос“ поради позитивен тест за Ковид-19


Фернандо Вердаско нема да учествува на Гренд слем турнирот „Ролан Гарос“ поради позитивен тест за корона вирус. Поранешниот топ 10 играч има 67 последователни настапи на Гренд-слем турнирите пред да го пропушти УС Опен оваа година. Вердаско, 36, е многу разочаран од неговата неможност да учествува во Париз и изрази сомнеж во веродостојноста на тестовите […]

Надал загрижен за условите на „Ролан Гарос“


12-кратниот шампион на „Ролан Гарос“, Рафаел Надал одигра само три натпревари во последната половина година, но Матадорот се смета за главен фаворит на турнирот, со оглед на неговата историја во Париз. Шпанецот пристигна во престолнината на Франција пред неколку дена и ја коментираше неговата адаптација кон спецификите на турнирот оваа сезона. Тој ја сподели својата […]

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Прв до врв“


Министерството за внатрешни работи утре ќе воведе посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците по кои ќе се одвива спортско-рекреативна трка „Прв до врв“ во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Какао што информираат од МВР,  почеток на манифестацијата е во 9:45 […]