Словенија регистрира 184 нови случаи со корона вирус

 

Во Словенија денеска се потврдени нови 184 сучаи со корона вирус, што е втор најголем дневен пораст на бројот на заразени.

Направени се 2.775 тестови.

Претходниот ден, кога беа потврдени 192 случаи на зараза, имаше многу повеќе тестирани.

Во болница се 72 пациенти додека вчера имаше 60.

На интензивна нега се 16 пациенти.

Забележан е и еден смртен случај како последица на корона вирусот, а од почетокот на пандемијата починаа 146 луѓе.