Дневник од карантинот на еден актер (25)


ВАСИЛ ЗАФИРЧЕВ „Впрочем, не се тркаламе само ние во овие грозни црнила што зјапнале пред нас наместо иднина. Сиот свет.“                                                                        […]

Речиси 33 милиони заразени од КОВИД-19, бројот на починати се ближи до еден милион


Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 32.885.863 лицe. Од нив починале 995.352 пациенти, а оздравеле 24.260.574 луѓе. -Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 315 нови случаи на Ковид-19 и уште седум смртни случаи.Вкупниот број на заболени лица во земјата се зголеми на 17.228, а починаа 376 лица. […]

Рама убеден дека ќе ги добие изборите на пролет, со или без опозицијата


Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама не ги крие амбициите за трет мандат и искажува убеденост дека ќе победи на изборите на 25 април 2021 година. Посочи дека со или без опозицијата победата е на неговата Социјалстичка партија со што директно одговарајќи и на опозицијата за можноста да ги бојкотира парламентарни избори. […]

Попладнево повеќе делови од земјава зафатени од нестабилно време


Нестабилно време со силен ветер, грмежи и пороен дожд попладнево беа зафатени центрлните и деловите кон североистокот од зејава. Од УХМР наведуваат дека бранот со нестабилност се прошири преку источниот дел од земјата, а нова нестабилност е појави во Пелагонија и се премести преку Мариово кон долниот тек на Повардарието. За девет часа најмногу дожд […]

Солшер се мајтапи со Мурињо за висината на головите по тешката победа на Манчестер Јунајтед


Манчестер јунајтед го совлада Брајтон со 3:2 во натпревар од 3. коло на Англискиот шампионат одигран попладнево. Гостите победничкиот гол постигнаа во 10.минута од судиското продолжение од пенал. Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер, се пошегува на своја сметка, откако по победата на Тотнем над Шкендија во Лига Европа, Жозе Мурињо изјави дека головите […]

Фич го задржа кредитниот рејтинг на Србија


Агенцијата Фич (Fitch Ratings) го задржа кредитниот рејтинг на Србија за долгорочно позајмување во домашна и странска валута на ББ +, со стабилни изгледи за натамошно зголемување, благодарение на добрите економски индикатори на Србија кои се одржуваа за време на пандемијата на вирусот КОВИД-19, соопшти во петокот вечерта Народната банка на Србија (НБС). Од НБС […]

Спасовски и Филипче во посета на повредениот полицаец близу фабриката ОХИС


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со објава на својот Фејсбук профил информира дека заедно со министерот за здравство Венко Филипче и директорот на БЈБ Сашо Тасевски го посетиле полицаецот кој ноќва додека извршувал службени дејствија во близина на фабриката ОХИС бил удрен и повреден. – Посетивме наш колега во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, кој […]

Нови 141 заболени од Ковид-19, починат еден, оздравени 94 пациенти


Во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 51 -Куманово 12 -Штип 6 -Прилеп 6 -Тетово 2 -Струга 2 -Велес 2 -Битола 5 -Охрид 3 -Кавадарци 5 -Гостивар 2 -Гевгелија 5 -Струмица 10 -Крива Паланка 2 -Кочани 5 -Пробиштип 1 -Валандово 3 -Виница 3 -Делчево […]

ЕЦБ ќе продава долгови преку онлајн продавница


Европската централна банка (ЕЦБ) подготвува веб-страница или електронска продавница во стилот на гигантот Амазон каде би продавала стотици милијарди евра банкарски заеми, создадени како резултат на кризата со корона вирусот. ЕЦБ има за цел да ја зајакне економијата и да ги засени големите инвеститори од Волстрит. Планот, подготвен од највисоки претставници на ЕЦБ, е дел […]

Црна Гора воведува ноќен карантин во три града


  Од понеделник 28 септември, до 12 октомври, поради порастот на случаите со корона вирус во Никшиќ, Беране и Андриевиќи, три црногорски градови, на граѓаните ќе им биде забрането напуштање на домовите. Карантинот се воведува од 22 до 5 часот наутро, а ќе биде забранета и работата на угостителсите објекти и одењето на гости. Во […]

Во Лондон масовни протести против корона мерките


  Во Лондон почнаа масовни протести поради строгите мерки кои ги воведе британската влада. Потсетуваме дека премиерот Борис Џонсон најави дека мерките може да бидат на сила шест месеци, а вклучувааѕ поттикнување на работата од дома и порано затоврање на баровите и рестораните. Како што јави „Гардијан“ засега се собрале повеќе илјади луѓе, а се […]

Во ноември нова стратегија за регионален развој


Министерот за локална самоуправа Горан Милевски го отвори форумот на кој беа презентирани Студиите за економските карактеристики на планските региони, за регионалниот развој, како и за поддршка на малите и средни претпријатија и претприемништвото. Тој, како што соопштуваат од Министерството за локална самоуправа, истакнал дека креираат нова Стратегија за регионален развој што ќе го детерминира […]

Хрватска со 212 новозаразени


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 212 случаи со корона вирус, а биле тестирани 4.575 луѓе. Активни се 1.333, меѓу кои 271 пациенти во болница од кои пак 25 на респиратор. Починаа тројца. До денеска забележани се 16.007 заболени, починаа 269, а оздравеа 14.405 луѓе. Во самоизолација се 9.257 лица. До […]

Во Србија 74 нови случаи


Во Србија во последните 24 часа забележани се уште 74 случаи со корона вирус. Нема починати. Тестирани биле 5.513 лица. На респиратор според послените информации на Министерството за здравстви има 22 пациенти, исто колку вчера.

Филипче: Нови поликлиники ќе има во Ѓорче Петров, Бутел, Карпош, Аеродром и Ново Лисиче


Нови поликлиники ќе добијат населбите Ѓорче Петров, Бутел, Карпош, Аеродром и Ново Лисиче, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Светскиот ден на срцето. Свесни сме, посочи тој, за проблемот на жителите на Бутел и не само на Бутел, туку и во повеќе скопски општини. – Увидовме дека […]

Ковид 19 ја зеде првата жртва од медицинскиот персонал во Општата болница во Охрид


Медицинска сестра Дијана Димоска (48), работно ангажирана во Интерното одделение во Општата болница во Охрид, ја загуби битката со корона вирусот Ковид 19, јави Охрид Њус. Димоска својот професионален ангажман го започна во 1993 година на одделот за уво грло и нос, работеше во невропсхијатрискиот оддел, а последните години беше дел од тимот во одделението […]

Без строги епидемиолошки мерки Мадрид е во сериозна опасност


Шпанскиот министер за здравство побара од властите во Мадрид да ги засилат мерките во тоа жариште на епидемијата на новиот корона вирус, предупредувајќи дека жителите на градот и околните региони без поостри мерки се во „сериозен ризик“. – Мадрид е во ситуација на сериозен ризик и време е да се дејствува одлучно, рече министерот за […]

Филипче: Засега нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки


Засега нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки, бидејќи по иницијалното зголемување на бројот на заразени од Ковид -19 состојбата се стабилизира. Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека бројот на новодијагностицирани по иницијалното зголемување особено нагло во изминатата недела, се стабилизираше на близу десет проценти од вкупниот број направени тестови. […]

„Врба“ на Манчевски во балканска офанзива ја освојува публиката во Софија и Тирана


Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски вчеравечер го отвори годинашниот Интернационален филмски фестивал во Софија. На режисерот Манчевски, кој присуствуваше на отворањето, му беше врачена Специјалната награда за придонес кон светската кинематографија. Како гест на почитување, фестивалот организираше изведба на песна од Пиринска Македонија која на бина му беше испеана на почесниот гостин по најавата на […]

Во Босна и Херцеговина 235 новозаболени, починаа петмина


Во Босна и Херцеговина во саботата потврдени се 235 нови случаи на зараза со коронавирусот а пет заразени пациенти починале во изминатите 24 часа, според податоците од ентитетските здравствени власти. Во лабораторите во БиХ од петокот биле тестирани повеќе од 1.800 примероци, при што заразата е потврдена кај 174 лица од Федерацијата БиХ и кај […]